за

SsangYong тука мирува, но во Женева има нов Korando

SsangYong Korando IV Zeneva

SsangYong имаше впечатлив настап на македонскиот пазар долги години наназад, додека не се сменија пазарните услови. Во меѓувреме, корејската марка којашто продава најмногу возила мерено според парите за реклама го претстави новиот SsangYong Korando во Женева.

Не една, туку две премиери на SsangYong во Швајцарија. Покрај продолжената изведба од пикапот Musso, кој исто така е свеж на европскиот пазар, првпат пред светот се појавува новата генерација на СУВ-моделот од компакт класата Korando. Моделот е веќе во четврта генерација, става нагласок на спорт, а во исто време оддава и робусност. Има повеќе простор во кабината и нови системи за асистенција. Чисти мотори, исто така.

SsangYong е во моделска офанзива: Во 2017 година пристигна Rexton, лани Musso, сега Korando

Новиот Korando е подолг и поширок, а понизок од претходникот. Дизајнот се раководи според концептот SIV-2 од 2016 година. Багажникот стандардно собира 551 литри, максумумот се 1.248 литри. Инфо-забавните системи се поврзуваат со мобилен телефон, средишниот дисплеј досега до 8 инчи. Во поопремените изведби се нудат и дигитални инструменти.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Од системите за асистенција, SsangYong нуди од радарски темпомат до предупредување за возило од попречен правец при излегување наназад, секако вклучувајќи и самостојно запирање при опасност од судир.

Недостига хибриден погон, но затоа се најавува изведба со погон само на струја

Под хаубата работи нов 1,5-литарски турбо бензинец со директно впрскување и 163 КС, или 1,6-литарски дизел со 136 КС. Како алтернатива за шестстепениот мануелен менувач се нуди автоматик со шест степени. Верзиите со погон напред поседуваат и систем старт-стоп.

Скромно се најавува и електрична верзија на Korando. Актуелниот модел на германскиот пазар стартува од околу 20.000 евра.

New photo by Automedia MK / Google Photos

SsangYong Korando во комплетно ново издание во Женева

SsangYong Rexton најдобар избор за парите според „4х4 Magazine“

SsangYong со седумгодишна гаранција на британскиот пазар

SssangYong го враќа носорогот во понудата

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

skoda vision iv salon zeneva

Skoda владее на сцената на салонот во Женева

Mazda CX-30 меѓу најпријатните изненадувања на салонот