за

SsangYong доаѓа со нов концепт на теренец во Женева

Корејскиот специјалист за теренци SsangYong ќе прикаже концептот на компактен теренец на салонот во Женева. Овојпат не е интересен само дизајнот, туку и техниката. XLV е хибрид со дизел.

Под кратенката XLV, којашто произлегува од eXciting smart Lifestyle Vehicle, на салонот во Женева ќе биде прикажан концептот на специјалистот за теренски возила SsangYong. Концептот го најавува идниот кросовер во понудата на марката, кој што ќе биде позициониран под актуелниот Korando и ќе биде наменет за семејствата со активен животен стил.

ssangyong xlv 2

Интересен новитет се крие под атрактивната каросерија на кросоверот XLV. За погонот е задолжен 1,6-литарски дизел во комбинација со електромотор и литиум јонски батерии. Иако производителот не открива други детали околу техниката, последново наведува на заклучок дека е можно батериите да се полнат и надворешно, со приклучување во струјната мрежа.

Со должина од 4,43 метри, концептот XLV е подолг од неговиот претходник XIV-1 за 29 сантиметри, што овозможува вградување на трет ред седишта и превоз на седум патници, при што средишното седиште во последната клупа лизга надолжно заради поголема приспособливост на кабината.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes ќе ги интегрира очилата на Google во своите модели

Kia Soul доби погон на струја