184
23 shares, 184 points

Електромобилноста донесе голем број нови марки на автомобилската сцена. На салонот во Женева ќе изложува компанија од Шри Ланка и ќе привлекува внимание со спортски автомобил со електричен погон.

Долга традиција е на салонот во Женева да се појавуваат спортски автомобили со необично потекло. Vega EVX е еден од автомобилите што ќе бидат изложени на малите штандови покрај гигантите во браншата. Тоа што привлекува внимание секако дека не е електричниот погон на автомобилот, кој речиси се подразбира кај секоја нова марка што се појавува на сцената. Посебноста на Vega е во потеклото, овој двосед вреден 230.000 евра според производителот, пристига од Шри Ланка.

Производител е компанијата Vega Innovations, од каде што истакнуваат дека имаат долгогодишно искуство со електричниот погон. Во спортскиот автомобил EVX е вграден по еден електромотор со водено ладење на секоја оска. Двата електромотори заедно произведуваат моќност од 800 КС и вртежен момент од 760 њутнметри. Системскиот напон изнесува 900 волти, батеријата со капацитет од 55 kWh овозможува досег до 300 километри. Автомобилот тежок 2,1 тони спринтува од место до темпо сто за 3,2 секунди.

Стилот на Vega EVX очигледно се раководи според италијанските суперспортски марки. Каросериските панели се изработени од карбон, основата е класична цевна рамка од челик. Повеќе детали ќе следат по премиерата во Женева во почетокот на март.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

184
23 shares, 184 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *