Здружението за техничка контрола од Германија спроведе тестирање на средства за чистење на автомобилските стакла. Постојат разлики во ефикасноста, поскапите средства не мора да се подобри. Неквалитетните средства можат да го оштетат системот за миење на стаклата
Во лето обично се заборава на средството на чистење на стаклата. Но, уште при првото излегување од град, ветробранот за миг се валка од инсектите. Нормално, садот за течноста за стаклата е празен. На првата станица за гориво или супермаркет се купува средство. Цената не е важна, стаклото мора да се исчисти.
Германското здружение за техничка контрола, заедно со магазинот Ауто Билд, тестираше 10 летни средства за чистење на стаклата што не треба да се разредуваат, односно се подготвени за користење. Повеќето од средствата се недостапни во нашата трговска мрежа, но заклучоците од тестирањето ќе послужат како универзален совет при изборот на соодветното средство. Неквалитетно средство може на пример да предизвика оштетување на деловите од поликарбонат, исто како и на одделни компоненти во целиот систем за миење на стаклата.
Поскапите средства не се покажаа подобри на тестирањето, цената само им одзеде бодови
Победник на тестот со висока препорака на Здружението за техничка контрола е летното средство за чистење стакла Sonax Xtreme, во пакување од три литри. Цената во германската продажна мрежа изнесува осум евра. Од второто до петтото место се пласираа уште четири готови средства со висока препорака. Тоа се OMV Caristal, Dursol Nature Line, Robbyrob и Ernst.
Една оцена подолу, односно само обична препорака, добија средствата Aral Klare Sicht, Kerndl, Dr. Wack cw 1:100 Super и Shell EasyClean. Подготвените мешавини од Aral, Dr. Wack и Shell, немаа позначајни пропусти во поглед на чистењето и подносливоста со разни материјали, но не ја добија највисоката препорака, поради тоа што се многу поскапи од производите од марките Sonax и OMV, кои и самите се скапи.
Погледнете ги победниците на тестот во понудата на нашиот партнер Amazon: Табелата со сите резултати е подолу во објавата
Производот од Total доби само условна препорака, поради тоа што не одговара за поликарбонат. Овој материјал обично се користи за светлата. При строгото тестирање според DIN, коешто предвидува свиткана лента од поликарбонат да се чува во печка 48 часови на температура од 80 степени Целсиузови, средството од Total предизвика поголеми пукнатини во материјалот. На ова тестирање не се покажа ниту средството од Kerndl, но пукнатините беа поситни во споредба со Total.
Добра вест е тоа што ниту едно од тестираните средства за чистење стакла не го оштетува лакот. Сите средства го минаа и тестот на подносливост со алкохол. Со овој тест се проверува дали мешањето со средство што содржи алкохол може да предизвика таложење на цврстите честички во средството. Овие талози, понатаму можат да доведат на пример до зачепување на прскалките за стаклата.
Многу е поевтино да се купи концентрат и да се разреди дома: Тоа е предност и при онлајн нарачка
На тестирањето се бараше и одговорот, дали практичните, но и релативно скапи готови мешавини се поефикасни од многу поевтините концентрати кои се разредуваат во сооднос 1:100? Како референца за споредба беше избрано концентрираното средство Dr. Wack cw 1:100 Super. Малото шише од 250 милилитри чини 9,50 евра. При мешање во сооднос 1:100, од него се добиваат 25 литри средство за миење на стаклата. Тоа се само 38 центи по литар, што значи дека е седумпати поевтин во споредба со победникот на тестот, Sonax Xtreme, кој чини 2,66 евра по литар.
На споредбеното тестирање, концетратот од Dr. Wack освои исто толку бодови колку победникот од Sonax, поради што и тоа доби висока препорака. За возачите кои внимаваат на трошоците, секако дека прв избор треба да бидат концентрираните средства. Подобро и посигурно е концентратот да се разреди со обична вода дома, место за време на патувањето.
Дури и нечистотиите се стандардизирани според DIN: Едната симулира нечистотија при градско возење, другата при патување
За тестирањето се користеа две стандаризирани нечистотии за тестирање: Едната како смеша од честички од гуми и од сопирачки, издувни гасови, восок и моторно масло (како градска нечистотија), а втората смеша од жолчка, белка, шеќер во прав и етанол, за симулирање на остатоците од инсекти.
За оценувањето се земаше бројот на поминувања на бришачите врз ветробранот во лабораториски услови. Во зависност од ефикасноста на средството, за чистење на стаклото беа потребни меѓу три и шест циклуси на бришачите, со потрошувачка на среството меѓу 150 и 300 милилитри. Со некои средства, скапо е да се добие чисто стакло. Со Shell EasyClean, едно чистење на стаклото чини 70 центи. Со концентратот од Dr. Wack, тоа чини само осум центи.
Табела со сите оцени на тестирањето на средства за чистење на автомобилските стакла