176
22 shares, 176 points

Водечкиот добавувач на делови за автомобилски ентериери Yanfeng отвори нова фабрика во регионот Шумадија, во соседна Србија. На отворањето присуствуваа највисоки претсавници од политиката, стопанството и автомобилската индустрија. Откако ќе го достигне целосниот капацитет во следните години, во модерната фабрика ќе работат околу 800 лица.

На површина од околу 18.500 метри квадратни, српската фабрика ќе произведува делови за кабината  на возилата. Во почетокот во шумадиската фабрика на Yanfeng ќе работат 180 лица. Со отворањето на погоните во Србија, Yanfeng продолжува со проширување на своите производстени капацитети во регионот на Источна Европа. Компанијата со тоа ги следи производителите на автомобили, кои исто така отворија неколку фабрики во регионот во изминатиов период.

За изборот на локацијата беа решавачки добрата инфраструктура и достапноста на квалификувана работна сила во регионот на Крагујевац, кадешто се наоѓа некогашната фабрика на Црвена Застава, денес дел од Fiat. Влијаеше и централната местоположба во Југоисточна и Средна Европа, како и близината до останатите фабрики на Yanfeng во Унгарија, Чешка и Словачка.

Фото Танјуг
Фото Танјуг

Yanfeng е со седиште во Шангај и глобално вработува повеќе од 32.000 работници во 110 фабрики во 20 држави. Компанијата беше создадена во 2015 година, со со спојувањето меѓу Yanfeng, еден од најголемите добавувачи за автомобилската индустрија во Кина и Adient, водечки производител на автомобилски седишта.

Србија ќе произведува делови за електрични возила за ZF


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

176
22 shares, 176 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *