за

Spyker се враќа со спортски теренец на батерии

Ниту еден спој повеќе не звучи необично. Теренец може да биде спортски, а спортски теренец може да биде со погон на струја. Холандскиот Spyker наскоро ќе му се спротивстави на Tesla Model X.

За холандскиот производител Spyker повторно се зборува на автомобилската сцена. Ексклузивната мануфактура наводно подготвува спортски теренец со електричен погон и тој би бил подготвен за премиера кон крајот на годинава, на салонот во Лос Анџелес во ноември. Покрај верзијата со електричен погон ќе се нуди и изведба со бензински мотор. Имајќи ги во предвид стандардите на Spyker, бензинецот најверојатно ќе биде дванаесетцилиндарец.

Концептот D8 Paris-to-Peking беше прикажан во Женева во 2006, во чест на историскиот триумф на Spyker на релито Париз-Пекинг во 1907 година
Концептот D8 Paris-to-Peking беше прикажан во Женева во 2006, во чест на историскиот триумф на Spyker на релито Париз-Пекинг во 1907 година

Овие и уште многу детали остануваат да се откријат до премиерата во ноември. Најавата за спортски теренец од Spyker не е изненадување. Холанѓаните уште пред десет години го изработија концептот D8 Peking-to-Paris, кој не доживеа да биде реализиран во конечен производствен модел. Но, времињата се менуваат. Пазарот за ексклузивни спортски теренци штотуку се отвора.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Tesla Model S во трка на забрзување против Boeing 737

Камиони на MAN и Scania тестираат возење во „плотун“