Ниту доверителската заштита не помогна холандската марка на спортски автомобили да отиде под стечај. Сопственикот Виктор Мулер се надева на нов почеток со електромобили.
Холандскиот производител на спортски автомобили Spyker банкротира. Некогашниот сопственик на култната шведска марка Saab објави стечај. Шефот Виктор Мулер сепак најавува нов почеток за неговата фирма, којашто ќе се ориентира на автомобили на струја.
Фирмата основана во 2000-та година уште пред неколку години се најде под доверителска заштита со цел да се спаси од стечај. Но, раководството на фирмата не успеа да го добие неопходниот кредит за одржување на работата. Spyker го позајми името од холандската марка од почетокот на минатиот век и произведуваше ексклузивни спортски автомобили.