за

Шпанија со 45 милиони евра субвенции за електрични возила

Шпанија субвенции електрични возила

Шпанската влада започна со спроведување на новата програма за поттикнување на продажбата на електрични возила и проширување на мрежата од полначи. Вкупно 45 милиони евра се наменети за електромобилноста во земјата

Возачите кои автомобилот стар повеќе од десет години ќе го заменат со возило со електричен или со плагин-хибриден погон, добиваат од шпанската влада грант во висина од 5.500 евра. На тоа следуваат и илјада евра дилерски бонус. Цената на новите возила не смее да надминува 48.400 евра.

За плагин-хибридните возила, висината на грантот зависи од досегот што автомобилот го постигнува само со погон на струја. За досег до 31,9 km, грантот изнесува 2.300 евра, за досег меѓу 32 и 71,9 km државата покрива 3.600 евра, додека за плагин-хибриди со досег над 72 километри, крајната цената на автомобилот се намалува за 6.500 евра.

За електрични мотоцикли следува грант до 700 евра. За камиони и автобуси со погон на алтернативно гориво, вклучувајќи метан, шпанската влада одобрува субвенција од 15.000 евра. Државата интервенира и во проширувањето на јавни и приватни мрежи од полначи за струја, при што покрива меѓу 30 и 40 проценти од трошоците, во вкупна висина до 100.000 евра.

Електричен и шведски Polestar 2 за 40.000 евра: Готово е!

Електричната Honda со дрвена табла и три џиновски дисплеи

Електричен Mercedes eCitaro е градски автобус на годината

Шпанците се придружуваат во отсакувањето на дизелот

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mercedes-AMG S 65 Final Edition

Mercedes-AMG се збогува со шестлитарскиот V12 во S-Class

Brabus 800 Widestar Mercedes G 63 AMG

Brabus пристига во Женева со G-Class со 800 КС