за

Шпанците се придружуваат во отсакувањето на дизелот

шпанците дизел автомобили

На шпанскиот пазар во март се продадени 128.175 автомобили и тоа претставува раст од 2,1 проценти во споредба со истиот месец лани. Според здружението на трговци со автомобили, растот во продажбата е постигнат вештачки и се должи на тоа што повеќето дилери, пред завршетокот на месецот сами си ги регистрирале автомобилите, за да прикажат подобри резултати пред производителите.

Огромен пад се случил во продажбата на дизел автомобили. Во минатиот месец се продале 27% проценти помалку возила со дизел мотор отколку лани во март. Уделот на дизелите сега изнесува 35,9%, што е голема разлика во споредба со 49,8% лани. Купувачите очигледно се префрлуваат на возила со бензински мотор, коишто учествувале со 59,3% во продажбата во март. Продажбата на плагин-хибриди и електрични автомобили учествува со 5,5 проценти.

Домашниот Seat повторно е најпродавана марка кај Шпанците

Меѓу марките во март води Volkswagen, и покрај благиот пад во продажбата. Втор е Renault, којшто исто така бележи пад (-4,7%), третото место му припаѓа на Peugeot со продажба зголемена за 10% во споредба со ланскиот март. Nissan падна на 4-то место, поради тоа што растот од 6,7 проценти е помал во споредба со Французите. Домашната марка е петта во март, со плус 3,4 проценти, но затоа е на лидерското место по првите три месеци од годинава. Во табелите подолу ги објавуваме 10-те најпродавани марки и модели за периодот од јануари до март.

[tie_slideshow]

Најпродавани марки и модели во Шпанија

[tie_slide]

Топ 10 марки во првото тромесечје од 2018

SEAT

28.312

VOLKSWAGEN

26.332

PEUGEOT

24.571

OPEL

23.626

RENAULT

22.712

NISSAN

19.083

CITROEN

17.601

FORD

17.124

TOYOTA

17.013

AUDI

16.685

[/tie_slide]

[tie_slide]

Топ 10 модели во првото тромесечје од 2018

SEAT LEON

9.571

SEAT IBIZA

9.483

NISSAN QASHQAI

8.554

VOLKSWAGEN GOLF

7.887

FIAT 500

7.700

DACIA SANDERO

7.447

VOLKSWAGEN POLO

7.241

CITROEN C4

7.200

OPEL CORSA

6.729

RENAULT CLIO

6.684

 [/tie_slide]

[/tie_slideshow]

Од „егзотичните“ продажби, од јануари до март има продадено 2 возила Aston Martin, дури 18 „парчиња“ Ferrari, само два автомoбила Lamborghini, 12 автомобили Bentley, по еден Lotus, McLaren и Rolls-Royce, а има и три возила Morgan.

Во првото тромесечје се продадени вкупно 340.311 патнички автомобили, за 10% повеќе отколку во истиот период лани. Пазарните експерти очекуваат годинава во земјата да се продадат 1,3 милион автомобили.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Fiat 132 - лимузините на Fiat

Лимузините заминаа, ни остануваат СУВ кутиите

man etge najava електрични доставни возила

Германија со 7.000 евра субвенција за електрични доставни возила