за

Нервозата зад воланот само ја зголемува опасноста од незгода

agresivno odnesuvanje soobrakaj

Некој претекнува од десно, друг не почитува предност, и како капак на сé, возачот напред не го гледа зеленото светло. При возењето секогаш ќе се најде некоја забелешка за однесувањето на останатите учесници во сообраќајот. Но, нервозата не води никаде, освен кон зголемена опасност од незгода. Најважно е да се задржи спокојот. Психолозите имаат неколку совети, како да се избегне нервозата при возење.

Срцето се напрега, се расипува расположението и не изгледа убаво пред околината. Ако се дозволи нервозата да надвладее над воланот, тоа не води кон добро. Една канадска студија докажа дека опасноста од незгода се зголемува дури и при најбанални испади. Од 13.000 испитаници, возачите кои имаат навика да псујат или бурно да гестикулираат при возењето, почесто биле вмешани во незгоди.

Агресијата е еднаква на опасност од незгода, сметаат психолозите. Едно истражување покажа дека речиси секој втор возач притиска посилно врз педалот за гас кога е нервозен. Во тој случај речиси и не забележуваме колку сме блиску до возилото напред и го губиме чувството дека возиме пребрзо. Според европските статистики, секоја трета незгода со кобни последици доаѓа од пребрзо возење. Во САД, пак, агресивното возење се припишува како причина за две третини од незгодите во коишто загинале луѓе.

„Тест за идиоти“ заради проверка дали возачот развил агресивно однесување и како пречка за повторно стекнување право за управување моторно возило

Полицијата е таа што треба да го спречи и санкционира насилното однесување во сообраќајот. Во неколку европски земји постои таканаречен медицинско-психолошки преглед, познат и како тест за идиоти. Возачите се упатуваат на овој преглед во случај кога ќе го пречекорат негативното бодовно салдо, место само да го преполагаат возачкиот испит. Toj меѓу другото има за цел да утврди дали возачот покажува склоност за агресија во сообраќајот.

Основното правило е да не се одговара дури и на отворена провокација. Треба да се избегнува вкрстување на погледите и гестикулација. Доволно е да се одржува растојание, да се даде предимство и да не се присилува другиот возач да сопира или да забрзува.

Најдобро е да се замисли како сопствената фрустрирачка реакција изгледа отстрана

Тим од психолози од Универзитетот Охајо истражуваше кои се најдобри начини за потиснување на агресијата. Емоциите попуштаат како што минува времето од провокацијата – тоа е познатото, број до три. Но, овој совет е уште поделотворен: Експертите советуваат возачите да замислат како сопствената фрустрирачка реакција изгледа оддалеку и да се обидат да ја разберат.

Доколку оваа мерка за самопомош е неделотворна, следен чекор е да се посетува тренинг за контрола на стресот. Постојат различни постапки, но сите се подеднакво ефикасни: Метода за релаксација, тренинг на однесување и примена на когнитивни постапки, каква што е претходно спомнатото гледање од различна перспектива.

Во експериментална студија, возачите со агресивно однесување тренирале релаксација преку вежби за дишење или замислувале како гледаат од друга перспектива. Потоа следела и практична примена на новостекнатите вештини. По осум сесии, тие избувнувале поретко и помалку бурно. Ефектот се задржал и по една година.

Замор зад воланот: Неколку совети за одложување на дремката

Аквапланинг: Кога, зошто, како, совети

Топ 10 совети за добро да го продадете автомобилот

Совети: Клима-уредот се гасне пред да заврши возењето

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes CL C215

Пред 20 години во Женева: Луксузното купе од Mercedes S-Class

bmw prodazba fevruari

Продажбата на BMW во минус, сите надежи во новата „тројка“