166
21 shares, 166 points

За љубителите на автомобилизмот, колата никогаш не е доволно чиста. Можеби некаде уште има траги од зимата или едноставно е добро автомобилот да се измие уште еднаш. По посетувањето на автоматска перална, обично е завршена само половина од работата, за возилото да биде целосно чисто. За чекање ред за рачно миење, се нема секогаш време. Значи, работата пак треба да се преземе во своја рака и миењето да се изведе самостојно, како што треба.

Следните седум чекори ќе бидат од корист, да не се пропушти нешто или да се направи недоволно добро.

Бандажите бараат дополнително внимание

Четките за миење на бандажите во автоматските перални недоволно ја завршуваат работата. Затоа и постојат посебни средства за чистење бандажи. Но, не е добро секое средство што се нуди во продажба. Овие средства имаат задача да ги отстранат трагите од сопирачките. Најважниот совет е да се почитува времето на делување што го наведува производителот. Добрите средства се ефикасни во поглед на темелноста на чистењето. Секако дека не смее да се посегнува по секој производ. Некој божемно „ефикасни“ средства, чистат за миг затоа што содржат киселина. Тоа го оштетува бандажот и последиците се забележуваат по извесно време – тука нема што да се коментира повеќе.

Прочитајте го и ова: Тест на 10 средства за чистење бандажи: Некои се само празно ветување

тест средства чистење бандажи

Клима-уредот исто така бара чистење

Голема заблуда е дека клима-уредот служи само за ладење. Многумина веруваат дека климата треба да остане исклучена преку целата зима и ја вклучуваат повторно дури откако ќе затопли. Тогаш почнува да се шири многу непријатна миризба. Причината за тоа се бактериите и габите што преку зимата се наталожиле во целиот систем. Единственото решение е дезинфекција. Добро е што таа може да се направи и самостојно. Постојат специјални средства, што или се прскаат директно во отворите за воздух или се оставаат да прскаат во кабината. Доколку не е проверено нивото на разладно средство во клима-уредот, тоа може да биде уште една причина да се посетат професионалци. Проверката треба да се врши на секои две години.

Прочитајте го и ова:

Клима-уредот во автомобилот не е само за во лето

Клима уредот може да биде извор на бактерии во кабината

Клима уред, совети за правилно користење во автомобилот
Клима уред, совети за правилно користење во автомобилот

Заштитата на лакот ја „штити“ и вредноста на автомобилот

Колку што е важно добро да се измие возилото, толку е важно и лакот да се заштити потоа. Восокот отежнува нечистотиите да се зафатат на лакот и штити од корозија. Најдобро е восок да се нанесе двапати во годината, рачно. Автопералните исто така вршат конзервација со жежок восок, но таа не трае колку таа што самите ќе ја направите, а и лакот одвај дека сјае. Доколку лакот е избледен, претходно треба да се користи политура. При изборот внимавајте восокот да поседува и заштита од UV-зрачење.

Прочитајте го и ова: Најдобри средства за полирање на автомобилскиот лак: Тест на Ауто Билд

Летно средство за стакла во лето, зимско во зима

Уште една заблуда е дека нема потреба да се купува посебно средство за стакла за зиме и за лете. Разликата се гледа кога ќе почнат на ветробранот да се зафаќаат остатоци од инсекти, што не се отстрануваат со прскање и со пуштање на бришачите. Тоа е дополнителната задача на летното средство, да ги отстранува инсектите. Зимското средство, пак, оневозможува бришачите да се залепат на стаклото – покрај заштита од мрзнење и отстанување на солта. Секако треба да се внимава и при изборот на ова средство. Никој не сака да се оштети лакот, заптивките или пластичните делови.

Чистењето стакла подразбира и чистење однатре

Во сета деталност околу миењето, обично се заборава стаклата да се исчистат однатре. Поради греењето се создава блед слој, што ја отежнува видливоста. Дури откако ќе се отстрани нечистотијата однатре, се гледа вистинската разлика. Доволно е обично средство за стакла, бришење со микрофибер крпа и темелно отстранување на остатоците со „еленска“ кожа или кујнски бришачи.

Намачкајте ги заптивките

Заптивките на вратите обично се забораваат при миењето. Зимата е тежок предизвик за нив. Доколку не се мачкаат редовно, тие стануваат крути и пукаат, поради што почнуваат да пропуштаат. Потребно е прво да се отстрани нечистотијата со крпа и со топла вода. Потоа се нанесува специјална течност или маст, со што се враќа еластичноста. Истото треба да се направи и пред пристигањето на зимата.

Проверка на нивото на течностите

Проверката дали има доволно течности во возилото можеби не спаѓа во категоријата чистење, но затоа спаѓа во проверките што треба да се направат при секое чистење, исто како што тоа треба да се врши и по полнењето на резервоарот или проверката на притисокот во гумите. Затоа, проверка на: Моторно масло, течност за ладење, течност за стакла.

А, по следниот маратон во седење дома, се знае… миење на возилото.

Совети од Skoda за дезинфекција на автомобилот

Време е за пролетно освежување на автомобилот

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

166
21 shares, 166 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *