163
25 shares, 163 points

Првиот впечаток е најважен и тоа важи и при продажбата на автомобил преку веб-оглас. Добри фотографии привлекуваат повеќе внимание. Овие седум професионални совети ќе ви помогнат правилно да го фотографирате автомобилот

Без разлика дали се користи паметен телефон, таблет или десктоп, кога се бара користен автомобил на онлајн-берзите, најмногу се внимава на фотографиите. Само кога сликите даваат добра и јасна претстава, заинтересираниот купувач ќе побара повеќе информации за возилото.

За добра слика не е потребна професионална опрема

Фотографиите се едни од решавачките фактори за изборот на возилото. Денес е незмисливо е да се објави веб-оглас без слика. Правилно направените фотографии ги отстрануваат сомнежите околу понуденото возило, но влијаат и врз емоциите. Врз цената по којашто ќе се продаде возилото, исто така.

Дури и професионалните трговци со користени автомобили потпаѓаат под влијанието на добрите фотографии во огласите, иако тие повеќе внимаваат на суштинските работи. Но, како човек без големо фотографско искуство да направи добри слики од возилото?

Се фотографира измиен автомобил со исчистена кабина

Автомобилот треба темелно да се измие и да се отстранат сите предмети од кабината пред фотографирањето. Исполиран лак, добро измиени бандажи и гуми, заедно со чиста и средена внатрешност, значително ја зголемуваат шансата за продажба и придонесуваат да се постигне повисока продажна цена.

kako da go fotografirate avtomobilot 5

Вклучен контакт и вклучено радио внесуваат живост во фотографијата. Отворите за проветрување треба да се наместат во ист правец. Кога потпирачите за глава се на иста висина и седиштата се под ист агол, внатрешноста изгледа средено.

Сликање од повеќе перспективи

Како камера е доволен и паметен телефон од поновите генерации. Широкоаголните објективи ја изобличуваат сликата. Најдобар резултат се постигнува со нормален објектив. Не треба да се фотографира косо од горе, туку од пониско, од детска перспектива. Автомобилот треба да ја исполнува целата слика, со колку е можно помалку од околината. Добра перспектива се добива и малку пониско од висината на погледот, под агол од 45 степени од напред и од назад.

kako da go fotografirate avtomobilot 3

Сликајте го возилото од сите страни и од повеќе перспективи. Не е на одмет да се прикрие регистерската ознака, што се прави лесно на компјутер. Некој практикува да залепи картон, што е уште полесно.

Важно е да се внимава и на аголот на тркалата. Кога се слика од косо, тркалата треба да се свртат во спротивниот правец, односно треба да се гледа бандажот, место профилот на гумата. Тоа внесува динамика во сликата. Наспроти тоа, кога се слика од напред, отстрана или од назад, тркалата треба да се прави. Моторот и багажникот се фотографираат со вклучен блиц. Доколку има некоја поспецифична опрема, и таа треба да се фотографира.

Ситните оштетувања нека ги поправи професионалец

Кога автомобилот е многу извалкан или има ситни гребаници по лакот, се исплатува работата да му се препушти на професионалец. Неколку илјади денари што ќе се потрошат тука, повеќекратно ќе се исплатат при продажбата на возилото.

Направете слики и од поголемите оштетувања

Не е најумно автомобилот да се прикаже во беспрекорна состојба на фотографиите, а притоа да се прикријат ситните недостатоци. Заинтересираните купувачи не смее да се разочараат кога ќе го видат возилото во живо. Затоа е подобро навреме да се укаже на видливите оштетувања. Апсолутно „не“ за ретуширање на штетите со компјутерски програми.

Не користете блиц и избегнувајте контрасветлина

Фотографиите треба да се направат при убаво време, со доволно светлина и сонце. Блицот и контрасветлината треба да се избегнуваат. Најдобро е кога светлината паѓа напред или од горе, но не при силно попладневно сонце.

kako da go fotografirate avtomobilot 2

Убави слики се добиваат при дифузна светлина или при вештачко светло, на пример на добро осветлена станица за гориво. Во лакот не треба да се појавуваат рефлексии од облаци, гранки, листови или улични бандери.

Правилно изберете ја заднината

Најдобар избор за фотосесијата се неутрални и големи простори, на пример пред супермаркет. Едноличната заднина не го одвлекува вниманието од автомобилот. Други возила, лица или објекти не треба да се појавуваат на фотографиите. Овие простори обично се празни по завршувањето на работното време или во викендите.

kako da go fotografirate avtomobilot 1

Внимателно изберете ги сликите за огласот

Најважно е да се одвои доволно време за избот на соодветните фотографии. Убава слика што му се допаѓа на продавачот е подобра од десет лоши слики. Овие кадри ќе будат убави сеќавања кога автомобилот ќе се продаде. Меѓу другото и поради убавите фотографии.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

163
25 shares, 163 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730