за

Sorento Masterpiece е прв модел од Kia поскап од 60.000 евра

Корејската марка ја поместува ценовната граница на својата понуда од модели со специјална серија од Sorento, со рачно изработени детали во кабината, луксузно ниво на опрема, па дури и подарок за сопственикот. Не е напразно тоа што Kia ја нарекува серијата „Masterpiece“.

Големиот теренец на Kia добива уште повисоко ниво на опрема од постоечкото и ја пробива границата од 60.000 евра. Ексклузивната серија Sorento носи ознака Masterpiece и тоа не е случајно. Голем дел од кабината е обложен рачно со скапа алкантара, вклучувајќи го и целиот таван, седиштата задолжително се обложени со црна кожа, каросеријата е лакирана во металик црна боја, поставени се алуминиумски прагови, издувниот лонец е изработен од нерѓосувачки челик, со карбон околу издувните цевки, а сето тоа е крунисано со бандажи од 20 инчи – во сјајна црна боја.

Kia Sorento Masterpiece 00002

Серијата Masterpiece е ограничена на 200 примероци и се испорачува со најсилниот дизел 2.2 CRDi. Во луксузната опрема спаѓаат навигација со дисплеј од 8 инчи и премиум озвучување од Infiniti, конекција со мобилен преку Android Auto и Apple Carplay, електромотори за местење на седиштата и продолжување на седечката површина, па и вентилација во седиштата. Логото Masterpiece е втиснато во предните потпирачи за глава и во средишниот потпирач за рака, но врв е светлосниот ефект со проектирање на логото на земја при отворање на вратите. Секако дека не отсуствува и плочка „One of 200“ во кокпитот, исто како и ексклузивна патна чанта изработена рачно во Италија, како подарок за сопственикот.

Kia Sorento Masterpiece 00006

Во опремата влегуваат и диодно осветлување на подот, сончев покрив, камера со приказ во 360 степени, автоматски паркирање и отпаркирање, безжично полнење мобилен телефон, автоматско отворање на капакот на багажникот, приспособливи ксенонски светла и диодни магленки во препознатливиот дизајн „Ice Cube“. Единствено што останува за доплата се трет ред седишта, отстранлива влечна кука и греење во место со далечинска контрола.

Следува и полн арсенал системи за асистенција: Самостојно запирање при опасност од судир, радарски темомат, следење лента, асистенција при промена на лента, камера за возила од попречен правец и камера за сообраќајни знаци.

Kia Sorento Masterpiece 00003

Како погонска единица е задолжен 2,2-литарскиот дизел со 200 КС и 441 њутнметри, во комбинација со шестстепен автоматски менувач и погон на сите тркала Dynamаx.

Наскоро стартува и купе-лимузината Stinger, како нов знаменосец. Ценовната граница ќе се поместува повторно. Но, долниот праг останува непроменет, таму пристигаат новите генерации на Picanto и Rio.

[FAG id=27044]

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Британците имаат нова спортска марка: Avatar тежи само 700 килограми

Вака треба да изгледа (и вози) Mercedes E-Class според Brabus