за

Sony развива паметен часовник од Е-хартија

Пример за паметен часовник со Е-инк: CST-01-Watch од Central Standard Timings

Според гласините, Sony ја користи техниката на Е-хартија за развој на нов паметен часовник. Тој е замислен како модерен прибор со приказ на самиот дисплеј, но и на ременот.

Дисплеите од Е-хартија не се популарни кај производителите на паметни часовници поради приказот што е ограничен на неколку степени на сиво. Успешниот проект Pebble користи дисплеј од течни кристали, којшто се декларира како Е-хартија, додека CST-01-Watch од Central Standard Timings ја користи истата техника Е-инк како кај е-читачите Kindle на Amazon. Кај конкурентите најчесто се користат колор дисплеи од течни кристали.

На Sony сепак повеќе му се допаша концептот на Е-хартија. Агенцијата „Блумберг“ известува дека јапонскиот концерн развива паметен телефон со Е-хартија. За разлика од Pebble и сличните производи, содржините нема да се прикажуваат само на дисплејот, туку и на самиот ремен на часовникот. Обата дела ќе се изработуваат од патентиран материјал. Sony засега не соопштува за каква техника станува збор.

Според интерните извори на „Блумберг“, Sony планира да го позиционира новиот паметен часовник како модерен прибор којшто ќе остане настрана од конкурентската трка со уредите на Apple и Samsung. Уште неименуваниот паметен часовник на Sony е еден од првите производи на новото работно подрачје што го основаше шефот Казуо Хираи. Овој специјален оддел ќе биде задолжен за иновации во стилот на техниката Trinitron и на легендарниот Walkman.

Дивизијата за иновации на Хираи ќе работи на продукти и услуги што не спаѓаат во стандардните деловни подрачја на Sony. Моментно се работи под полна пареа на проектот Mesh. Во рамките на овој проект, копчиња, сензори и светлечки диоди ќе се интегрираат во шарени блокови, коишто ќе се поврзуваат без кабел и ќе можат да се програмираат преку едноставна користичка платформа. Проектот е наменет за корисници со послаби познавања на програмирањето и на техниката. Mesh ќе овозможи нивните идеи побрзо и поедноставно да прераснат во прототипи на производи.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Новите Opel Corsa и Mazda2 на прва споредба во Auto Bild

Пародија на Гимканата на Кен Блок – Втор дел! (Видео)