за

Електро-соларен Sono од старата фабрика на Saab

sono sion svedska nevs

Sono Motors неколку години се подготвува за старт со својот електричен автомобил со соларни панели по каросеријата. Германскиот стартап соопшти дека ќе ја користи старата фабрика на Saab во Шведска.

Електричниот автомобил Sono Sion ќе пристига од фабрика во Шведска. Станува збор за старата фабрика на некогашниот Saab, којашто досега беше во сопственост на компанијата National Electric Vehicle Sweden (NEVS).

Производството на моделот Sion ќе стартува во втората половина од 2020 година. Компанијата Sono Motors планира за период од осум години да произведе 260.000 автомобили. Германската компанија цени дека долгогодишното искуство на персоналот на Saab во развојот и производството на конвенционални возила ќе послужи како предност и кај електричните автомобили.

New photo by Automedia MK / Google Photos

При развојот на Sono Sion е предвидено возилото да се користи како дел од јавно достапен возен парк. Кога сопственикот не го користи возилото, други возачи ќе можат преку апликација да го изнајмат истото и да платат одреден надомест за користењето. Посебност на автомобилот е тоа што голем дел од каросеријата е покриен со фотоволтаички панели, кои ја полнат малата батерија додека возилото мирува.

Производителот открива дека досега има добиено близу 10.000 резервации за Sion, чијашто цена ќе стартува од околу 25.000 евра.

 

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Галилео сателитска навигација

Галилео ќе ги штити роботските возила од хакерски напад

Audi S5 TDI

Audi S5 со трилитарски дизел и малку на струја