172
34 shares, 172 points

За десетина денови започнува јубилејното издание на собирот „Убави Ѕвезди“ на когошто пристигаат Мерцедеси од секаков вид и секоја ера. Настанот е посебен и поради необичната средина: Во Хатинген, 150 години се произведуваа железо и челик

Mercedes го најавува десеттото издание на „Schöne Sterne“ (убави ѕвезди), за 25-ти и 26-ти август. Настанот е отворен за сите сопственици и љубители на Mercedes, од сите годишта и краишта, со само едно правило: Ѕвездата да сјае. Некои од највредните и најстари олдтајмери што досега присуствувале на собирот, веројатно го почнале животот токму во Хатинген, во железарницата во којашто век и половина се произведуваа железо и челик.

Merecdes, Schoene Sterne 2

Mercedes е официјален спонзор на „Убавите ѕвезди“ и во ова историско место во Вестфалија редовно носи автомобили од сопственото одделение за тргување со олдтајмери „All Time Stars“. За годинава се најавени smart crossblade од 2002 година, своевремено изработен во само 2000 примероци, потоа Mercedes-Benz 280 SE (W 126) од 1982 година, со само 35.500 километри и реално од прв сопственик, Mercedes-Benz SL 320 Special Edition (R 129) од 1998 година, од серијата произведена во 500 примероци. Сите овие возила се на продажба.

Merecdes, Schoene Sterne 3

Повеќе од 13.000 сопственици и љубители пристигаат на собирот на Мерцедеси во индустрискиот музеј во Вестфалија

На крајот на август, во железарскиот комплекс којшто денес е гигантски индустриски музеј, се очекуваат најмалку 2.000 возила на Mercedes и 13.000 посетители. Пристигаат многубројни клубови, обожуватели и секаков вид на организации што ги спојува заедничкиот интерес за Mercedes.

Merecdes, Schoene Sterne 4

Од возилата ќе има буквално сé што ја носи сребрената ѕвезда, од класичари, јангтајмери, тјунирани автомобили. Има и славеници, легендарната „серија /8“ годинава слави половина век. Од екстремните преработки се најавуваат „Drive for Good“ Mercedes-AMG C 63 Coupé Black Series на тимот „Masters of Speed“ и G-Class со три оски, дело на тимот „Speed Monkeys“.

Merecdes, Schoene Sterne 5

Во вториот ден од собирот се прогласуваат победниците. Експерти доделуваат 50 награди за највпечатливите автомобили на собирот. Стар автобус Mercedes-Benz O 319 ги превезува посетителите низ целиот музејски комплекс. Во рамките на настанот се одржува и „продажба од багажник“, кадешто може да се најдат стари резервни делови и прибор. Најхрабрите можат да се пријават за екстремно возење во теренскиот специјалист Unimog U 5023.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

172
34 shares, 172 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *