за

Фанови поправаат стари електрични Smart, ги нудат за 6.500 евра

стари електрични smart
стари електрични smart

Љубители на електричните автомобили од германскиот град Штутгарт поправаат стари Smart на струја и ги продаваат за 6.500 евра, речиси без заработка. Сцената реагираше одушевено, се наѕира нов тренд.

Една практика што е вообичаена кај паметните телефони или лаптопите се покажа дека функционира сосем добро и кај електричните автомобили. Исто како што вешти „занаетчии“ проверуваат и поправаат стари електронски уреди, за потоа да ги понудат за продажба по мошне достапна цена, така и неколку фанови од германскиот Штутгарт откупија стари електрични автомобили и ги нудат евтино.

Младите ентузијасти од градот на Mercedes и Porsche, откупија 50 користени примероци од Smart Electric Drive. Градските двоседи со погон на струја биле дел од јавен возен парк (carsharing) во Мадрид. Тие во Штутгарт темелно се проверуваат, се вршат потребните поправки и сервисирањето, за на тој начин да им се овозможи втор живот по германските улици.

Возилата во Мадрид се заменуваат поради условите во договорот, не поради истрошеноста на возилата; Вештината е да се најдат вакви екстра понуди

Шпанскиот оператор со јавен возен парк ги заменил електричните двоседи во Мадрид со примероци од новата генерација на Smart (мини-марката на Daimler веќе неколку месеци нуди единствено електрични возила). Старите возила биле продадени по мошне поволна цена, сите 50 одеднаш. Германските електро-фанови ги откупиле возилата и ги спасиле од преса. Заработката не е главната цел на овој потфат.

Возилата од шпанската престолина и туристички рај моментно се поправаат во гаража во Штутгарт. Неделно се завршуваат околу пет до шест автомобили. Не се чепка по високонапонската трансформаторска секција во возилата, што бара специјалан обука, но и нема потреба од тоа. Според состојбата на возилата, елеклтричниот погон во Smart е издржлив и нема потреба од сервисирање.

Најмногу работа има околу изгледот, обично се заменуваат или поправаат браниците, како и повеќето светла. Се поправаат и сопирачките, се монтираат нови гуми и возилата понатаму се пуштаат на технички преглед. Сите 50 „репарирани“ Smart ED располагаат со вграден полнач од 22 киловати, кој постигнува целосна наполнетост на батеријата за околу еден час.

Со текот на експлоатацијата се смалува капацитетот на батеријата, но тоа уште не значи дека возилата ќе станат неупотребливи по неколку години од сега: Во секој случај, постои можност да се замени батеријата, а цените паѓаат

Досегот на третата генерација на електричниот Smart изнесува околу 140 километри. Капацитетот кај користените примероци е смален на стотина километри, што е сосем доволно. Истото важи и за моќноста од 75 КС, што во комбинација со ниската тежина, суперниското тежиште и малите димензии овозможува примерна динамика во градскиот сообраќај.

Од возилата од некогашниот возен парк во Мадрид се останати само уште неколку. Сцената покажа голем интерес за електричните Smart со втор живот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Fiat Србија

Српската фабрика на Fiat паузира, нема делови од Кина

Kia Sorento

Kia Sorento е тешка класа автомобил