за

Идниот Smart ќе доаѓа од Кина и ќе вози на струја

Smart vision eq concept
Смарт веќе покажа како го замислува наследникот на Форту, преку Вижн ЕКу Концепт

Smart заминува во Кина. Зад затворени врати се работи на дизајнот на новиот Fortwo, но во исто време се подготвува и цело моделско семејство.

Daimler има големи планови во заедничката компанија со кинескиот Geely. Иако соработката уште е во рана фаза и официјално ќе започне дури во последното тромесечје од годинава, новите партнери веќе работат под полна пареа на новите модели.

Германскиот концерн ќе ги продава актуелните модели на Smart уште околу три години. За кусо време, понудата ќе ја сочинуваат единствено автомобили со електричен погон. „Кинескиот“ Smart нема да се појави во продажба пред истекот на тој период.

Кинезите ќе го развијат и произведуваат идниот Smart, дизајнот ќе се работи во Daimler

Geely го презема техничкиот развој и производството на новата генерација на микромобилот, додека за дизајнот и натаму ќе се грижи Daimler. Околу изгледот на идните модели нема голема неизвесност, затоа што многубројни студии досега имаат покажано во која насока ќе се развива изгледот на Smart.

Дизајнерите ќе се раководат според концептите Forease или Vision EQ Concept. Во иднина може да се очекува и автоматизиран или целосно „самовозечки“ Smart, по пример на Vision EQ Fortwo. Електричното мини долго 2,70 метри изгледа како стаклена топка и прв модел е од Daimler што не поседува волан. За таков автомобил посебно се заинтересирани големиот број служби за превоз, како Didi Chuxing, Uber или Lyft.

Пониските производствени трошоци ќе го прошират пазарот за Smart, но марката и натаму ќе негува премиум имиџ

Производствените трошоци во Кина секако ќе бидат пониски. Покрај изведбите со две и со четири врати, нов модел во понудата ќе биде кросовер со име Smart For All. Сите модели ќе возат само на струја и ќе се продаваат како премуим автомобили под закрила на Daimler.

Од фабриката за Smart Fortwo во францускиот Хамбах од следната година ќе почне да излегува и новиот Mercedes EQA, како компактен модел со електричен погон. За таа цел, во фабриката е инвестирана половина милијарда евра.

Последни 21 примероци од Smart со обичен мотор

Како мини-марката smart стана милионска марка

Smart Fortwo не е Tesla, но е единствен кабриолет на струја

Smart forease+ прави едноставноста да биде градска шема

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ford digit робот испорака

Автопилотиран Ford испорачува пратки преку автопилотиран робот

honda civic type overland

Honda Civic Type R еднаш со 400 КС, еднаш како рели-машина