135
18 shares, 135 points

Smart го привршува производството на автомобили со обичен мотор со внатрешно согорување и од следната година се префрлува целосно на електричен погон. По тој повод се пушта ограничена серија од 21 примероци.

Од следната година Smart ќе биде првиот производител што целосно ја префрлил својата моделска понуда од обични мотори со внатрешно согорување на електричен погон. Во таа чест, „малечката“ марка на Daimler подготви специјална серија од 21 возило со обичен мотор, којашто ќе биде достапна само за избрани колекционери.

За дизајнирањето на серијата е ангажиран Константин Грчиќ, светски познат индустриски дизајнер. Бројката 21 има тројна симболика: Толку години постои марката Smart, толку години марката е пред своето време, толку примероци. Круна на серијата е тјунерската супер-работилница Brabus, која исто така ќе остави печат во возилата. Производството започнува во август.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Носот на возилата е лакиран во жолта боја, којашто во втората половина од каросеријата продолжува во мат црна боја. Жолтата боја е верна на оригиналната „hello yellow“ од времето кога Smart првпат се појави на светската сцена.

Електричниот погон беше дел од оригиналниот концепт на Николас Хајек (се сеќавате на часовниците Swatch), пред Daimler да го стави Smart под својот покрив. Уште во 2007 година, во Лондон беа испорачани 100 возила Smart со погон на струја. Тоа е првиот електричен автомобил од европска продукција.

Smart forease+ прави едноставноста да биде градска шема

Како мини-марката smart стана милионска марка

Smart Fortwo не е Tesla, но е единствен кабриолет на струја

Smart во издание на спортски двосед во Париз

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

135
18 shares, 135 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *