за ,

Smart со нарачка на автомобил преку интернет и испорака до дома

Малечката марка со голем темперамент го отвори првиот онлајн-дуќан за автомобили со виртуелен салон. Услугата во почетокот е достапна само во Италија, со испорака на автомобилот до дома.

Smart е првиот производител на автомобили што отвора онлајн-продавница за автомобили со виртуелен салон. Најмалечките автомобили во понудата на Mercedes-Benz Cars може најдетално да се разгледаат виртуелно, да се купат преку интернет и на крајот да бидат испорачани директно до домот. Услугата засега е достапна само во Италија, но најважно е што почетокот е направен.

Идејата на менаџерите на Smart е преку www.smartforstore.it да понудат нов начин за продажба на автомобили, обраќајќи им се на помладите купувачи кои немаат предрасуди кон продажбата на интернет. Клиентите можат во секое време од денот да пристапат до услугата и да нарачаат возилото да им се испорача на саканата адреса.

smart internet salon (1)

Италија е втор најголем пазар за Smart и преку онлајн-продавницата ја нуди специјалната серија „red & the city“ од моделите smart fortwo и smart forfour. Плаќањето може да се изврши преку кредитна картичка или преку дознака на банкарска сметка, вклучувајќи и финансирање. Посебноста на виртуелниот салон е во тоа што купувачот може да договори термин со специјализиранот продавач, таканаречен „personal shopper“, кој потоа со помош на очилата со камера му ги објаснува сите детали од возилото на идниот сопственик на smart и одговара на сите негови прашања или пораки преку е-пошта.

За целото време на купувањето и испораката, клиентот е во контакт со персоналот, преку разговор во живо, преку телефон или е-пошта. Може да се договори и пробно возење кај најблискиот дилер за марката, но во сите други подраја, посета на салонот повеќе не е потребна. Клиентот го избира дури и местото за испорака на возилото.

Mercedes отвори онлајн-продавници за возила уште во 2013 година во Хамбург и Варшава. Покрај тоа, се користат и социјалните мрежи. Во пролетта во 2014, smart информираше 600 милиони корисници на WeChat во Кина дека е достапен специјален модел. За само три минути, преку интернет беа продадени сите 388 примероци од ограничената серија.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пред 70 години е произведен првиот Volkswagen

Забрана за возење во Њу Делхи – Исклучок за дамите