за

Smart за краткотрајно изнајмување и по улиците на Рим

Во средината на март по улиците на Рим ќе се пуштат 300 од планираните 500 примероци од Smart што ќе стојат на располагање за краткотрајно изнајмување, како алтернатива на класичниот такси превоз.

Концептот за краткотрајно изнајмување на возила што го измисли концернот Daimler отсега е достапен и во Вечниот град: Рим е 26-от град во светот во којшто е достапна услугата Car2go.

Car2go, пионер и пазарен лидер во изнајмувањето автомобили директно на улица, од средината на овој месец ќе стартува со 300 возила во италијанската престолнина, за во следниот месец флотата да се дополни со уште 200 возила. По големиот успех во Милано, Рим е втор град на Car2go во Италија. Вкупно пет главни градови во Европа досега ја имаат иновативната услуга.

Изнајмувањето чини 0,29 евра по минута и во цената е вклучен и слободен пристап до центарот на градот, што дополнително ја зголемува атрактивноста на понудата. Возилата од системот car2go може по користењето да се остават каде било на територијата на градот. Корисниците можат да ги лоцираат најблиските возила преку услугите на сервисот и да ги отклучат и возат со помош на посебна членска картичка.

Со стартот во Рим, системот car2go моментно брои 10.500 возила во 26 европски и американски градови, од кои 1.200 се со електричен погон. Досега услугите ги користеле преку 600.000 корисници. Месечно се регистрираат преку еден милион изнајмувања на возилата на car2go на глобално ниво.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Kia има велосипед на струја

Наместо салонот во Женева: А што ѝ фали на Lada?