191
26 shares, 191 points

Најценетите и најобожувани автомобилски и мото икони, во саботата ги донесоа добриот дух и позитивното расположение на некои стари времиња, на вториот „Скопје Класик“ пред хотелот Александар Палас. Беспрекорна организација, расположена публика, задоволни олдтајмерџии – не постои тукашен настан што повеќе ја поттикнал желбата да се поседува и негува стар автомобил или мотоцикл. Засега, автомобилски настан на годината.

Втор обид и веќе конечен успех. Настанот што се одржа лани кај „Авионот“ во скопски Аеродром беше многу повеќе од воведно издание. Нешто повеќе од половина година подоцна, „Скопје Класик“ повторно се појавува пред публиката, како настан со спонтаност и со силно зрачење какво што инаку имаат само повеќедецениските спектакли во жариштето на сцената на олдтајмерите.

Атмосфера како пред рок-концерт, тука сите се дојдени со истата цел и исти интереси, да се обожуваат старите автомобили – и доброто дружење

Педесетина олдтајмери, препознатливи и одушевувачки модели за љубителите на автомобилизмот и за оние што денес се регрутираа како такви, во пријатната атмосфера пред хотелот Александар Палас, ги донесоа звуците, убавините, расположението, сјајот и занесеноста од пред осумдесетина години, па наваму.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Во средиштето на настанот стои паркиран Mercedes W113, прочуен по „пагода-покривот“, а веднаш спроти него, наследникот C107, за неколку редови подолу да се појават најдобрите понтон-изведби, секогаш препознатливи по робусноста и масивноста. Слична слика се повторува со низата од Porsche 356 C, 912 и 911 Carrera од генерацијата што познавачите ја водат како „G-Modell“. Отспротива, 911 Targa, на чијшто кожен покрив се препознава свежа реставрација.

На овие автомобили одамна не им е потребно да се тркаат, за да ја докажат својата вредност, тие се историски победници

Повеќето автомобили ги носат трофеите од учеството на најпознати собири на олдтајмери во регионот и пошироко, како амблеми закачени на маската. Сите автомобили тука се еднакви, речиси не постои хиерархија, како во продажен салон. Rover P6 и Zastava 101 тука имаат иста вредност, мерено според историскиот дух што го пренесуваат. Истото важи и за Буба и Oldsmobile Cutlass Supreme.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Жирито во меѓувреме почнува да ги прогласува победниците по класи, но сите се победници. Тоа што најмногу го постигна „Скопје Класик 2019“ е создавање солидна сцена за обожување и ценење на олдтајмерите. А, тоа значи: Неколкумина ентузијасти, а тоа е сосем доволно, ќе се охрабрат да се впуштат во проекти на реставрација на историски автомобили, кои ги поседуваат во гаража, или ги имаат видено како се оставени во гаражата на соседот.

Некои имаат олдтајмери, но ги гледаат само како стари автомобили; Вакви настани инспирираат

Некои можеби ќе размислуваат да увезат историски примерок по достапна цена, во когошто сите изгубиле надеж. Тие што поседуваат одтајмери, со жива и богата сцена, ќе добијат посилен поттик да го одржуваат својот миленик. Расте и вредноста. Тие, пак, што своите стари автомобили ги гледале само како стари автомобили, можеби ќе почнат да ги гледаат како олдтајмери, со малку повеќе труд, па уште малку повеќе.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Богата е сцената и вредни се моментите што таа ги произведува. Организаторите, инаку, не се толку нови на сцената. Скопје Класик е уште еден проект на Екипашот на џентлмени, на Gentemans Crew, кои се појавија како клуб во 2016 година, по локалното издание на The Distinguished Gentlemen’s Ride. Како што оценивме: Дефинитивно, автомобилски настан на годината.

http://www.gentlemanscrew.com/home

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

191
26 shares, 191 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *