за

Skoda Vision RS станува сериски модел уште годинава

skoda spaceback silueta skoda vision rs

Новата генерација на Skoda Rapid Sportback и официјално ќе биде биде преставена пред крајот на годинава. Концептниот Skoda Vision RS од салонот во Париз верно го прикажува изгледот на идниот „чешки голф“

Skoda дури пред седум години ја пополни празнината меѓу Fabia и Octavia со нов модел, кој според димензиите беше блиску до Golf. Прво беше претставена лимузинската изведба на Rapid, потоа следеше комбито Sportback. Со техниката и со опремата, Rapid беше поблиску до Fabia, отколку до Octavia – и подалеку од Golf.

Додека концептниот Skoda Vision RS ги привлекува погледите на посетителите на салонот во Париз, од менаџментот на чешката марка потврдија дека сериската верзија на моделот што го најавува концептот – Rapid Spaceback – ќе биде претставена уште пред крајот на годинава. Можно е новиот модел да се појави само под името Spaceback и само со комбилимузинска каросерија со поет врати, затоа што Skoda ја укинува лимузинската изведба.

Многу простор и достапна цена како кај претходникот, но сега и изглед во стилот на Skoda Vision RS

Основата ја нуди платформата MQB, понудата од погонски единици ќе покрива дијапазон од „бензински“ 84 КС до „дизелски“ 150 КС. Новиот Spaceback ќе привлекува купувачи со истите начела како претходникот: Компактни димензии на каросеријата, многу простор во кабината. На тоа ќе се надоврзе и најширока понуда од системи за асистенција. Достапна цена и пристојно ниво на опрема, исто така.

skoda vision rs paris-sneak-preview

Од чешката марка нагласуваат дека „клиентите ќе го ценат автомобилот првенствено поради впечатливиот надворешен и внатрешен дизајн.“ Тоа не беше случај со постоечкиот модел. Концернот беше внимателен да не се загрози позицијата на Volkswagen Golf. Се покажа дека тоа беше сосем непотребно.

Skoda Vision RS најавува возбудлива идна генерација на Spaceback

Чесите се противат Skoda Superb да се пресели во Германија

И Папата се вози во Skoda

Skoda Fabia со нови светла и без дизел мотор во понуда

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mercedes zvezda zindenfingen

Зинделфинген доби ѕвезда на Mercedes иста како скопската

bosch iznajmuvanje elektro transporteri germanija

Bosch нуди изнајмување електрични комбиња во хоби-маркети