142
38 shares, 142 points

Замената на класичните прекинувачи и команди со функции достапни преку голем средишен дисплеј им отвора многу простор за разигрување на креативноста на дизајнерите. Чесите имаат неколку вредни идеи, кои пристигаат во концептниот Skoda Vision iV, во Женева.

Skoda Vision iV е најава за првиот електричен модел на чешката марка којшто ќе ја користи посебно наменетата платформа MEB на концернот од Волфсбург. Освен со напредна технологија во погонската спрега, идниот кросовер на чешката марка може да воведе и сосем различен концепт во изведувањето на внатрешноста на возилото.

Новите идеи се сведуваат на средишен дисплеј што остава впечаток дека лебди, на нова форма на двокракиот волан и на различна висина на арматурната табла пред возачот и совозачот. Основната идеја е да се олесни ракувањето со функциите на возилото. Голем број контроли и прекинувачи веќе се заменети со функции што се достапни преку голем средишен дисплеј. Тоа им отвора голема слобода на дизајнерите да најдат нова форма и нов распоред на кокпитот.

Skoda Vision iV Zeneva koncept

Отсуствува класичен средишен тунел по целата должина на кабината, како една од можностите на платформата MEB, со што се добива повеќе простор внатре. Поголеми се промените во дизајнот на арматурната табла и на средишната конзола. Во долната половина на конзолата има многу простор за одлагање и до неа се пристапува мошне лесно, додека на горната половина може да се постават два мобилни телефони, кои безжично се поврзуваат со инфо-забавниот систем и со функциите на возилото.

Повеќе нема потреба кокпитот да се изведува како досега, со исчезнувањето на многубројните прекинувачи и нивната замена со големи дисплеи, дизајнерите добиваат огромна слобода за креативноста

Таблата се состои од две површини, горна на којашто се поставени дисплеите, и долна површина, на којашто возачот ја потпира дланката додека ракува со дисплеите. Двете површини и украсниот раб го имитираат изгледот на носот на возилото. Главните промени кај воланот се сведуваат на тоа што место лого, на воланот се наоѓа името Skoda, испишано со одделни букви.

Skoda уште годинава ќе претстсави верзија на Superb со плагин хибриден погон, а неа ќе ѝ се придружи и Skoda e-Citigo, како чешка изведба на VW e-Up. Во следните четири години, марката ќе инвестира две милијарди евра во електрификација на погонската спрега и во нови услуги на мобилност. До крајот на 2022 година, Skoda ќе нуди најмалку десет модели со електрифицирана погонска спрега.

Премиерата на Skoda Vision iV е на салонот во Женева, кој почнува на 5-ти март и трае до 17-ти март.

Светлосната група на Skoda Kamiq, чијашто премиера исто така се очекува во Женева

Skoda во јануари испорачала над 100.000 возила

Skoda најавува електричен концепт Vision iV за Женева

Skoda Kamiq ќе биде заводничката меѓу градските кросовери

Ова се најважните автомобилски новитети во 2019 година

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

142
38 shares, 142 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *