за

Кина е обезбедена, Индија е следниот пазарен предизвик за Skoda

Skoda Vision IN
Skoda Vision IN

Skoda го прикажува концептниот автомобил Vision In на салонот во Њу Делхи. Марката доби надлежност да раководи со настапот на сите марки од концернот VW во Индија. Заедно со моделот што специјално е развиен за тамошниот пазар, премиера на салонот ќе имаат уште Karoq, Superb, Rapid и Kodiaq.

Skoda на салонот Ауто Експо во Њу Делхи (од 5-ти до 12-ти февруари) ќе го прикаже концептниот автомобил Vision In. Тоа е најава за новиот компактен СУВ што прв ќе ја користи верзијата на платформата MQB-A0-IN, развиена посебно за индискиот пазар. Skoda уште во јуни 2018 година доби надлежност да раководи со моделската офанзива на концернот Volkswagen во Индија.

Целта е Skoda и марката Volkswagen да достигнат пазарен удел од пет проценти до 2025 година, односно Индија да прерасне во еден од петте најголеми пазари за чешката марка. Со Vision In се најавува изгледот на серискиот модел што ќе стартува со продажба во почетокот на 2021 година. Во основа станува збор за индиска верзија на Skoda Kamiq, којашто ќе постигне ценовна предност преку локалната продукција. Со тоа воедно ќе се означи и стартот на офанзивата којашто ќе донесе уште неколку СУВ-модели во Индија.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Vision In e долга 4.256 милиметри, со меѓуоскино растојание од 2.671 милиметри. Моторот е 1,5-литарски TSI со 150 КС. Посебен шоу-ефект прават делумно осветлените делови налик на кристали во предните и задните диодни светла, акко и во маската. Според дизајнерите, изборот на портокаловата боја за каросријата оддава животна радост и креативност.

Во големата земја кадешто животните се свети, кожата за седиштата не е прифатлива; Материјалите во Skoda Vision IN се мошне иновативни

Внатрешноста спојува модерна технологија со нови видови вегански материјали, традиционален индиски дизајн и вештина на чешките мајстори за кристал. Кокпитот е украсен по пример на каламкари, индиска техника на печатење платно. Седиштата се обложени со кожа од рабарба, како иновативна биокожа, во комбинација со пинатекс. Тоа е материјал што ја заменува кожата и се произведува од листови ананас. Украсните лајсни се од вистински кристал.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Volkswagen инвестира една милијарда евра во пробивот на индискиот пазар, една четвртина од сумата е наменета за истражување и развој. Моделот што од следната година ќе стартува со производство во Индија, ќе се нуди и на блиските извозни пазари.

Skoda на индискиот пазар моментно нуди четири моделски серии што се произведени локално: Rapid, Octavia, Superb и Kodiaq. Историјата на Skoda го помни поглавјето кога чегтири возила Skoda Popular во 1934 година ја започнале екскурзијата долга 15.000 километри, од Прага, преку Балканот и Турдија, преку Сирина и Ирак, до Калкута. Рутата понатаму водела до Мумбаи, а оттаму со брод до Трст и потоа пак назад во Прага.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mitsubishi outlander phev istrazuvanje

Претстои ценовна борба со плагин-хибридите, се бега од казни

адак тест електрични скутери

Како да се избере добар електричен тротинет