138
19 shares, 138 points

Skoda веќе го најавува петтиот СУВ-модел што е скроен посебно за кинескиот пазар. Сериската изведба на Vision GT ќе стартува со продажба уште годинава. Станува збор за компактен СУВ со купе силуета и динамичен стил.

Skoda прикажа студија на градски СУВ со динамичен стил и купе силуета на салонот за автомобили Шенжен – Хонг Конг – Макао. Vision GT е најава за серискиот модел кој ќе започне со продажба на кинескиот пазар уште во текот на годинава.

Идното градско СУВ-купе комбинира компактни димензии со просторна кабина, располага со современа техника, и секако, освојува со спортски-елегантната форма на купе. Со новиот модел, Кина ќе стане единствен пазар во светот, кадешто чешката марка нуди пет СУВ-модели.

Skoda Vision GT е долг 4.416 mm, широк 1.906 mm и висок 1.633 mm. Меѓуоскиното растојание од 2.611 милиметри ветува многу простор за патниците. Палетата од СУВ-модели на кинескиот пазар моментно ја сочинуваат Skoda Kodiaq и Skoda Karoq, кој е за 50 mm подолг од европската верзија. Нив им се придружуваат кинеската изведба на Kamiq и Skoda Kodiaq GT, како купе врз база на големиот СУВ.

Лани Skoda испорача 341.000 возила во Кина. Марката има традиција во земјата уште од 1936 година. Во 2007 година, Skoda се врати на кинескиот пазар, за три години подоцна, тој да стане најголем единечен пазар за чешката марка.

Пикапот од Skoda Kodiaq се вика Mountiaq и дело е на ученици

Skoda Citigo-e прв вози на струја за чешката марка на Volkswagen

Skoda Superb iV е хибрид што кај нас може да биде ослободен од 10% акциза

Skoda доби електро-подмарка iV и два модели: Хибриден Superb и Citigo на струја


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

138
19 shares, 138 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *