175
22 shares, 175 points

Покрај автомобили, во понудата на Skoda влегуваат и бројни модели на велосипеди. Почетоците на компанијата во 1895 година се поврзуваат со возењето на две тркала. Од таа причина, Skoda на светскиот ден на велосипедите се потсеќа на своите историски корени.

Цели 125 години, Skoda ја одржува традицијата на производство на велосипеди. Тоа не се однесува само на долгорочното спонзорство на Тур де Франс, туку и со понудата од велосипеди. Skoda моментно нуди 17 велосипеди, почнувајќи од детски модели, преку класични градски велосипеди, до скапи брзински изведби и електрични велосипеди. Гамата ја заокружува практичен преклоплив модел, што го собира во багажникот на секој модел на Skoda.

Основачите Вацлав Лорин и Вацлав Клемент ја започнаа успешната приказна во 1895 година, со отворањето на работилница за велосипеди. Следен чекор беше преоѓање на мотоцикли, а потоа и на автомобили. Skoda го подржува Тур де Франс веќе 16 години и испорачува возила за организаторите на настанот, како и велосипеди за дел од натпреварувачите.

Четири планински велосипеди од врвна класа во понудата на Skoda

Најнови модели во понудата од електрични велосипеди се планинските модели EMTB FULL и EMTB, заедно со крос-моделите E-BIKE и E-BIKE LADY. Двата топ модели користат погонска група Shimano Steps E7000, заедно со батерија Steps STEPS BT-E8010 со капацитет од 504Wh.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Како официјален партнер на Тур де Франс, Skoda нуди и натпреварувачки велосипеди, со лесна рамка и карбонска вилушка. Топ-моделот Elite тежи само 7,9 килограми, опремен е со компоненти Shimano Ultegra-R8000 и бандажи од DT Swiss. Патната изведба тежи 9,6 килограми и достапна е во четири големини на рамка.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Три робустни планински модели со одлични теренски својства

Ентузијастите што повеќе сакаат теренско возење имаат вистински избор со MTB 29 FULL, MTB 29 и MTB LADY. Првиот модел е со целосна суспензија и најпродаван е во целото портфолио на Skoda. Компонентите се менувач Sram Eagle и суспензија DT Swiss со работни одови до 100 милиметри и со дотерување на тврдоста.

Три практични велосипеди за град и преклоплив модел

Градските велосипеди на Skoda комбинираат ретро изглед и врвна технологија. VOITURETTE и CITY се бојадисани црно, со седиште и рачки во кафена боја и беж гуми. CITY LADY е во кремава боја и има кафени гуми. Преносот и сопирачките се од Shimano. VOITURETTE се разликува и по тоа што користи ремен место синџир.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Преклопливиот STRETCHGO е дел од познатото мото „Simply Clever“ на Skoda. Кога ќе се собере, за овој велосипед има доволно простор во багажникот на секој модел на Skoda. Моделот поседува 7-степен пренос и се одликува со комфорно седење.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

175
22 shares, 175 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *