Чешките синдикати се противат на идејата, дел од продукцијата на знаменосецот Skoda Superb да се пресели во Германија
Во концернот Volkswagen повторно се разговара за преселување на дел од производството на топ-моделот на чешката марка во Емден, Германија. Чешкиот синдикат категорично отфрла секаква можност за преселување на продукцијата на Skoda Superb надвор од земјата. Тоа беше објавено и официјално на нивната вебстраница.
Фабриките на Skoda повеќе немаат капацитет да го покријат големиот пазарен интерес за чешките модели. Подолго време се бара најсоодветен начин за надминување на проблемот, со когошто бараншата долго време се немаше соочено. Во меѓувреме се најде решение за компактниот СУВ-модел Karoq, којшто дополнително ќе се произведува во Германија, во погоните за монтажа на Volkswagen во Оснабрик. Други промени во моментов не се планираат.
Логиката со Skoda Superb е јасна: Колку е поскап моделот, толку е поголем и профитот
По три децении под покривот на германскиот концерн, Skoda се претвори во вистински златен рудник. Чешката марка лани му донесе поголем профит на Волфсбург, отколку премиум марката Audi. Дел од моделската продукција на Skoda веќе е преселен во Германија.
Синдикатот не дозволува истото да се случи и со знаменосецот Skoda Superb, затоа што „тој претставува дел од генетскиот код на марката.“ Но, побуната повеќе има финансиски карактер. Чешката фабрика не сака да го изгуби профитот што го постигнува со популарниот модел, кој завлегува и во повисоките ценовни подрачја.
Superb моментно се произведува во Квасини, заедно со теренските модели Karoq и Kodiaq. Во фабриката се произведува и Seat Ateca, којшто е идентичен со Karoq.
Skoda Fabia со нови светла и без дизел мотор во понуда
Прашај ја Skoda колку е полн резервоарот