131
18 shares, 131 points

Освеженото моделско годиште на Skoda Superb наскоро ќе има премиера во рамките на светското првенство во хокеј, во Братислава. Промените во изгледот се забележливи, се очекува знаменосецот да добие и изведба со плагин-хибриден погон, за првпат во марката.

Skoda објави скица што ги прикажува деталите за претстојното моделско освежување на Superb. Знаменосецот на чешката марка ќе има светска премиера месецов, во рамките на светското првенство во хокеј, во словачката престолнина Братислава. Skoda е главен спонзор на светското првенство уште од 1993 година.

Промени се забележуваат во светлата, во магленките што ги спојува впечатлива лајсна и во маската. Место лого, назад првпат е испишано името Skoda со одвоени букви.

Моделското име Superb датира во Skoda уште од 1934 година. Историјата продолжи во 2001 година, со првиот Superb од новата ера. Актуелниот модел е од трета генерација и пред точно две години надмина продукција од еден милион возила.

Skoda го произведе 22-милионитиот автомобил

Екс-дизајнерот на Skoda ќе црта за Rolls-Royce

Половина милион примероци од Skoda Superb од актуелната генерација

Прашање на добар избор: Издолжен Citroen C5 Aircross или моќна Skoda Karoq


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

131
18 shares, 131 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *