за

Добро, многу добро, одлично, Superb, Skoda

skoda superb domasna premiera
skoda superb domasna premiera

Во чешката марка на Volkswagen не мораат да се грижат околу името на евентуалниот модел над Superb. Тој би се викал едноставно Hyperb. Повеќе е „проблем“ тоа што нема потреба од лимузина поголема од Superb, а особено по моделското освежување. Ова е победнички поход на големиот автомобил, кој штотуку пристигна на македонскиот пазар.

Skoda Superb или кусо: Еден од ретките автомобили што уште постигнува впечатливо присуство во продажбата во средната класа, којашто главно ја сочинуваат Mercedes C-Class, Audi A4 и серијата 3 на BMW. И уште Passat. И само уште Superb, инаку на иста основа со германскиот класичар. Opel Insignia, Peugeot 508, евентуално модели на Citroen, Fiat или Alfa – тоа уште одамна е станато реткост, исто како здраво дрво во центарот на Скопје.

Skoda Superb доживеа моделско освежување и, од минатава недела, зголемената раздвиженост во салонот на Skoda е негова заслуга. Раздвиженост подразбира веројатно дваесетина посетители, само во времето додека го фотографиравме новакот. Браво, Порше! Дизајнерската и техничка надградба следи по три и пол години од стартот на третата генерација на знаменосецот. Меѓу новитетите е тоа што првпат моделот се нуди и во кросовер-изведбата Scout, а кон крајот на годината пристига и плагин-хибридот, за чијашто испорака е сосем нормално тоа што предимство имаат пазарите во ЕУ.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Највпечатливиот новитет секако се матричните диодни светла, кои следуваат како стандард во второто ниво Ambition. Голем напредок е постигнат и во системите за асистенција, кои стануваат се поприфатени кај возачите, особено радарскиот темпомат, кој доследно на нивото на цените на Skoda чини 637 евра доплата. Опција се целосно диодните задни светла со динамични трепкачи.

За три години, продажбата на Superb III надмина 500.000 примероци; За споредба, вкупната продукција на втората генерација на моделот достигна близу 620.000 примероци за шест години

Понудата од погонски единици ја сочинуваат по три дизели и бензинци, во дијапазон на моќност меѓу 120 и 272 КС. Комплетно нов мотор е 2.0 TDI со 150 КС, прв дизел од генерацијата Evo во Skoda. Во споредба со претходникот, промени се преземени во коленастото вратило, во клиповите (челични) издувниот систем, турбонатполнењето (електрична контрола на лопатките), впрскувањето (2.200 bar) и термо-менаџментот. Тежината е смалена, исто како и потрошувачката и емисијата.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Овој мотор ќе пристигне малку подоцна, со што ќе се спушти и влезниот праг во гамата на Superb. Дизелот со 190 КС и 7-степен менувач со двојна спојка 32.580 евра во нивото Ambition. Кај топ-TDI може да се доплати и за погон на сите тркала, односно Superb во тој случај би чинел 34.670 евра. Основата на дизел-понудата ќе ја сочинува 1.6 TDI со 120 КС, кој моментно не фигурира во ценовникот.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Кај бензинците уште се чекаат цените за 1.5 TSI со 150 КС и активно исклучување на цилиндрите. Моментно се достапни 2.0 TSI со 190 КС, во комбинација исклучиво со 7-степен менувач со двојна спојка и цена од 30.900 евра, и 2.0 TSI во варијанта со 272 КС, со погон на сите тркала и исто така менувач DSG, со цена од 35.080 евра.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Освен по светлата, новиот Superb се препознава и по поголемата маска, којашто сега е повеќе извлечена надолу, во браникот. Во стилот на Scala, светлата директно се спојуваат со маската и уште во основната изведба нудат диодна техника за сите функции на осветлување. Назад има мошне благороднички ефект со хромираната лајсна меѓу светлата. Секако дека не се пропушта и новиот стил на пишување на марката, со одделни и масивни букви по задниот капак.

Комби изведба со багажник од 660 литри, изведба Scout со клиренс зголемен за 15 mm, спортска изведба Sportline, луксузна Laurin & Klement – широк е дијапазонот на моделски варијанти на Skoda Superb

При доплата за амбиентално осветлување се добива и ефектот на проектирање на логото на Skoda врз асфалтот, при отворањето на вратите. Стилскиот настап го заокружуваат нови дизајни на бандажи од 18 и 19 инчи, како и две нови каросериски бои – кристално црна и тркачки сина. Освен како Scout, знаменосецот може да се нарача и со спортска спецификација Sportline, како и во благородната изведба Laurin & Klement, со посебно изработена кабина.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Внатре се забележуваат хромирани детали во обем и на места точно според вкус. Преградите во вратите се осветлени, седиштата имаат нови облоги, вклучувајќи опшивка со контрастна боја. При доплата за пристап без клуч (239 евра во Ambition) нема потреба од посегнување по клуч. Стартувањето на копче е стандард во сите моделски изведби.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Дигитални инструменти следуваат со доплата од 377 евра, а покрај тоа стојат на располагање и три изведби на инфо-забавни системи, со дисплеј од 8 или 9,2 инчи. Топ „радиото“ Columbus подржува и ракување преку гестикулација и говорни команди. Генијалците за практичност во Skoda пвоторно се надминале: Superb располага со вкупно 31 детали што се издвојуваат со практичноста.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Во поглед на опременоста во основното ниво Active, попрегледно е да се наведе тоа што дополнително го поседува следното повисоко ниво Ambition: Матрични диодни светла напред и диодни светла назад со анимиран трепкач, магленки со функција при скршнување, самостојно сопирање при опасност од судир, паркинг сензори, електромотор за задниот капак, тризонски автоматски клима уред, грејачи во предните седишта, ролетни за заштита од сонце назад, алу-бандажи од 17 инчи.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Третото ниво е Style, со активен зафат при паркирање, камера за рикверц, предупредување при возило во мртов агол, препознавање замор кај возачот, навигација Amundsen, пристап без клуч, грејачи и во задните седишта, електрика за предни седишта, амбиентално осветлување на кабина, бандажи од 18 инчи и кожен или алкантара ентериер. Ова ниво чини 32.170 евра со 2.0 TSI DSG, односно 36.870 евра со 2.0 TDI DSG.

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

Неколку факти околу досегашната продажба на Skoda Superb III и за моделското освежување

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

Тест: Skoda Superb 2.0 TDI Ambition

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ispace suzuki hakuto-r

Suzuki ќе развива возило за истражување на Месечината

електричен руднички дампер

Најголемото електрично возило повеќе произведува отколку што троши струја