за

На овие пет олдтајмери и јангтајмери на Skoda ќе им расте вредноста

На овие пет олд- и јангтајмери на Skoda ќе им расте вредноста
На овие пет олд- и јангтајмери на Skoda ќе им расте вредноста

Автомобилите што се наследуваат од дедовците некогаш може да вредат злато. Старите модели на Skoda се добар пример за тоа. Овие пет модели може да бидат вреден капитал, затоа што се големи шансите да им расте вредноста низ годините. Дополнителна шанса да се дојде до овие автомобили е тоа што во услови на криза, цените на историските автомобили обично паѓаат.

Старите модели на Skoda се бараат на автомобилската сцена. Тоа не се однесува само на чешкиот пазар, туку насекаде. Неодамна на наддавање во Германија беше понудена Skoda Popular од пред војната, за којашто новиот сопственик плати 60.000 евра.

Секако дека цените ќе растат најмногу кај историските примероци од Laurin & Klement со дрвени тркала, како и кaj легендите од периодот меѓу двете светски војни, какви што се родстерот Popular или луксузниот Superb. Но, постои голем интерес и за повоените модели на Skoda и за неизбежниот 110 R Coupe.

Автомобили што биле купени за вредност колку четири нови гуми, денес неретко достигнуваат петцифрени суми. Причината е во тоа што им се будат симпатиите од младите денови на љубителите на класичните автомобили, кои денес се во своите четирисетти или педесети години.

Петте модели во продолжение се во избор на Михал Велебни, специјалист за реставрација во музејот на Skoda

Laurin & Klement / Skoda 110

(1925-1929)

New photo by Automedia MK / Google Photos

Од моделите што се произведуваа во Млада Болеслав во првата четвртина од 20-от век, Laurin & Klement / Skoda 110 е еден од најдостапните и воедно најпрактични модели. Гарантирано е дека неговата вредност ќе расте со текот на годините.

»» Препорака од експертот: „Уште може да се најде релативно голема количина од резервни делови и автомобилот постигнува 80 km/h

Skoda Felicia / Felicia Super

(1959-1964)

New photo by Automedia MK / Google Photos

Гледано во подолга временска рамка, можно е вредноста на отворената каросериска изведба да расте повеќе отколку кај обичните верзии на моделот. Посилната изведба Felicia Super на наддавањата ширум светот достигнува вредност и до 24.000 евра.

»» Препорака од експертот: „Кабриолет изведбата на Felicia е мошне популарна на собирите на олдтајмери“

Trekka

(1966-1972)

New photo by Automedia MK / Google Photos

Trekka е претходник на денешните СУВ-модели на Skoda. Ова мошне практично возило, лесно за поправка, беше изработено во ограничена серија од близу 3.000 примероци.

»» Препорака од експертот: „Новозеландската Trekka е изработена врз шасијата од Skoda Octavia Super и стекнува голема популарност меѓу колекционерите во Чешка и во светот.“

Skoda Rapid 135/136

(1987-1990)

New photo by Automedia MK / Google Photos

Атрактивната купе изведба е меѓу најбараните на пазарот. Во споредба со 110 R, Rapid повеќе одговара за денешните сообраќајни услови, а произведени се петпати помалку примероци.

»» Препорака од експертот: „Skoda Rapid е меѓу оние инвестиции од детските соништа на луѓето што денес имаат четириесетина или педесетина години.“

Skoda Felicia Fun

(1996-2000)

New photo by Automedia MK / Google Photos

Skoda Felicia Fun е неспоредлив автомобил. На пазарот може да се најдат неколку добро сочувани примероци, а побарувачката по овој модел ја надминува понудата. Една од најголемите предности е достапноста на резервни делови.

»» Препорака од експертот: „Изработени се околу четири илјади примероци. Привлечниот изглед, со отворениот товарен простор, прави овој автомобил за рекреација да биде еден од најбараните јангтајмери.“

Совети од Skoda за дезинфекција на автомобилот

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Lexus четврта година е „Најдобар производител“ за британските возачи

Lexus четврта година е „Најдобар производител“ за британските возачи

Lotus Evija

Lotus опишува како се нарачува електроболидот од 2 милиони фунти