153
20 shares, 153 points

Новиот бран тротинети наиде на идненадувачки брза и масовна прифатеност во нашите градски средини – со мала помош од електричните тротинети, кои го издигнаа имиџот на овие двотркалци. Skoda нуди класичен тротинет, но со врвна изработка и со печат за квалитет. Scooter се сместува во коритото за резервно тркало, цената е мошне интересна.

Микромобилноста е клучниот тренд кога се зборува за новиот вид на превоз во градските средини. Секако дека под тоа се подразбираат тротинетите и нивните имиџ-бустери, е-скутерите. Тоа се превозните средства што масовно ги среќаваме и по улиците низ нашите градови. Токму ова „незадоцнето“ прифаќање на новиот вид на мобилност во нашите простори кажува колку навистина има смисла овој вид превоз во градот.

Skoda Scooter е создаден за младата и активна целна група што има изградено свест за животната средина. Тоа што го прави посебен „тротинетот“ на чешката марка е патентираниот начин на преклопување. Кога ќе се собере, Scooter се сместува едноставно во багажникот на Kamiq и Scala, без да одзема премногу простор.

Во таа состојба, тротинетот има димензии 49 х 42 х 11 сантиметри, односно тоа овозможува негово сместување во коритото за резервно тркало под подот на багажникот во Skoda Scala и Kamiq. Тоа важи во случај кога возилото е нарачано со комплет за поправка на гума, место со резервно тркало.

Нема грижа околу „паркирањето“, Skoda Scooter тежи пет килограми и може да се понесе со себе

Гумените рачки обезбедуваат цврсто држење на воланот, без разлика дали се „вози“ до работа, до спортски терен или до продавница. Конструкцијата се состои од челик и алиминиум, тежината е под пет килограми, а носивоста е до 100 килограми.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Боите и шарите се во согласност до дизајнерските начела на Skoda, а преклопниот механизам е уште еден во низата решенија за практичност, на кои Чесите се особено горди и кои сцената одлично ги препознава под името „Simply Clever“.

Најмудрата“ работа е цената. Препорачаната продажна цена од производителот на европскиот пазар изнесува 179 евра, нарачката може да се изврши онлајн, како прибор на Skoda. Со детали за можноста на нарачка преку нашиот увозник Порше Македонија моментно не располагаме, но секако ќе обезбедиме информација.

Мадрид ќе добие 500 електрични тротинети за јавно користење

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

153
20 shares, 153 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *