152
20 shares, 152 points

Првпат во историјата, Skoda продаде повеќе од 100.000 возила за еден месец. Уште е рано да се покаже ефектот од пристигањето на Scala, затоа што постои голем број посебни нарачки што чекаат испорака, но новиот компакт уште одвај стартуван, веќе пријавува 4.100 возила.

Не е изненадување тоа што Skoda повторно е меѓу малкуте марки што бележат раст, додека вкупниот автомобилски пазар опаѓа. Чесите во јули продадоа 102.700 возила, за 3,1 проценти повеќе отколку во истиот месец лани. Уште позвучно: Првпат Skoda продава повеќе од 100.000 возила за еден месец.

Пазарот за Skoda расте најмногу во Западна Европа (+12,3 %), Централна Европа (+11,2 %) и кај нас, во Источна Европа (+18,4 %). Од моделите, најголема заслуга за тоа имаат СУВ-моделите Karoq и Kodiaq. Во следните месеци ќе се придружи најмалечкиот СУВ-модел Kamiq. За салонот во Франкфурт се најавуваат Skoda Scala Monte Carlo и Kamiq Monte Carlo.

New photo by Automedia MK / Google Photos

На најголемиот единечен пазар во Европа, во Германија, продажбата достигнала 18.600 возила (+16,2 %). Голем раст има и во Франција (3.000 возила; +24,2 %), Италија (2.500 возила; +31,2 %), Холандија (1.800 возила; +57,7 %), Шведска (1.400 возила; +84,0 %), Данска (1.100 возила, +17,5 %) и Грција (300 возила; +38,4 %).

Хрватска има 600 возила во јули (+18,1 %), Србија 700 возила (+20,1 %), Босна 200 возила (+21,6 %). Според последните продажни бројки за месец мај, Skoda е трета најпродавана марка во Македонија со 55 испорачани возила. Тоа во директна споредба со земјите во нашето пошироко соседство укажува во колкав обем е погоден нашиот пазар од увозот на стари автомобили од Европа. Се очекува дека Skoda Scala ќе биде меѓу најпродаваните модели воопшто на нашиот пазар.

На најголемиот пазар во светот, во Кина, во јули се испорачани 21.100 возила. Вредноста е голема, но и падот од 15,7 проценти. Тамошниот пазар е во криза поради неизвесноста околу трговскиот спор меѓу САД и Кина.

Испораки на моделските серии на Skoda во јули 2019

ŠKODA OCTAVIA (28.800; -6,1 %)

ŠKODA KODIAQ (15.400; +25,2 %)

ŠKODA FABIA (15.200; +2,2 %)

ŠKODA KAROQ (13.700; +28,2 %)

ŠKODA RAPID (11.100; -22,2 %)

ŠKODA SUPERB (7.100; -31,9 %)

ŠKODA SCALA (4.100; – )

ŠKODA KAMIQ (3.900; +81,1 %)

ŠKODA CITIGO (само во Европа: 3.500; -3,1 %)

Тест: Skoda Scala 1.0 TSI 115 Ambition


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

152
20 shares, 152 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *