за

Skoda качува скалило погоре со новата Scala

Skoda Scala pretstavuvanje
Skoda Scala pretstavuvanje

Еден од новитетите што со најголема љубопитност се очекуваше да пристигне на пазарот, од денес е изложен во салонот на Skoda. Целиот салон и просторот пред него буквално беа запоседнати со примероци од наследникот на Rapid. Тоа во иднина би требало да важи и за целиот македонски пазар. Skoda Scala тежнее за бестселер на марката и бестселер на пазарот воопшто.

Годинава им припаѓа на моделите од компакт класата. Toyota Corolla, Ford Focus, Kia Ceed, тие се веќе во продажба, се очекуваше уште Skoda Scala да го комплетира бранот новитети. Заокружувањето навистина се случи. Наследникот на Rapid стартува на македонскиот пазар со 14.560 евра со 1.0-литарски турбо-бензинец со 95 КС и ниво на опрема Ambition. Споредлива изведба на Ceed, со 1.0 T-GDi чини промотивно 15.990 евра, Corolla 1.2 Turbo исто така чини 15.990 евра и исто така промотивно, додека Focus 1.0 EcoBoost стартува од 18.400 евра, како редовна цена.

New item by Automedia MK / Google Photos

Моделот доаѓа на местото на Rapid, но настапува многу поубедливо од него во главниот фронт во компакт-класата, кадешто борбата се бори со посебни својства и квалитети, место само со цена. Секоја Skoda Scala е опремена со неколку системи за асистенција, вклучувајќи радар кој активира самостојно запирање при опасност од судир и камера што ја следи лентата и активно зафаќа во управувањето, враќајќи го возилото во лента.

Да ѝ посакаме добредојде на Skoda Scala, идната ѕвезда и бестселер на Skoda во Македонија.“

Миле Станчев, бренд менаџер на Skoda во Порше Македонија

Средишен дисплеј од 6,5 инчи исто така е стандард, како и магленки, лумбално местење во предните седишта, грејачи во ретровизорите, сензор за дожд и за светла, клима уред, кожа на волан и на рачка на менувач, темпомат и потпирач за рака напред. Тоа е прилично сé што е неопходно во модел од компакт класата.

New item by Automedia MK / Google Photos

Сензори за паркирање, целосно диодни предни и задни светла, автоматски клима-уред со две зони, дисплеј од 8 инчи и говорни команди, поврзување со паметен телефон SmartLink, копче за старт, команди на волан, алу-бандажи и неколку украсни детали надвор и внатре, достапни се во второто ниво на опрема Style, коешто чини околу 2.500 евра над нивото Ambition.

New item by Automedia MK / Google Photos

Вообичаено за Skoda, дополнителната опрема е достапна по релативно ниска цена и како одделни ставки: Автоматска клима доплата 428 евра, камера за рикверц 223 евра, радарски темпомат со целосно запирање 345 евра, команди на волан 109 евра, алу-бандажи 425 евра, металик лак 130 евра.

Два турбо-бензинци со 95 и 115 КС, еден дизел со 115 КС, наесен 1,5-литарски TSI со 150 КС

Понудата од погонски единици ја сочинуваат два бензинци и еден дизел. Еднолитарскиот TSI се нуди во изведба со 95 КС и 5-степен мануелен менувач и, во изведба со 115 КС и 6-степен менувач. Кај посилниот мотор може да се доплати за 7-степен DSG. Од октомври, во понуда пристига и 1,5-литарски бензинец со 150 КС. Дизелот е познатиот 1,6-литарец со 115 КС, во комбинација со 6-степен мануелен менувач.

New item by Automedia MK / Google Photos

Тековната понуда од моделски изведби во гамата на Skoda Scala во Македонија

Мотор, менувач

Ambition

Style

1.0 TSI, 95 КС, MT5

14.560

1.0 TSI, 115 КС, МТ6

15.210

17.620

1.0 TSI DSG, 115 КС

16.470

19.030

1.6 TDI, 115 КС, МТ6

18.270

20.690

1.6 TDI DSG, 115 КС

19.540

22.310

Во првите впечатоци, најмногу се издвојуваат дизајнот на каросериските детали, просторноста и лесниот притап во кабината, големиот багажник, но и апсолутно позитивната опседнатост, секоја површина во кабината да се обработи различно. Нема обична пластика, мазна и здодевна, туку автомобилов како да освојува од минута во минута – нешто слично како витамински напиток на растворање, што се меша и се остава да ја постигне потребната концентрација.

New item by Automedia MK / Google Photos

Бренд менаџерот Миле Станчев е убеден во улогата што ја има новиот модел во понудата: Skoda Scala е најважниот модел за Skoda на македонскиот пазар, затоа што нуди најголема вредност за вложените пари. Да ѝ посакаме добредојде на Skoda Scala, идната ѕвезда и бестселер на Skoda во Македонија.“

Наскоро пристига и новата генерација на Skoda Octavia, којашто исто така ќе изведе поместување во моделската понуда на чешката марка. Станчев: „Исто како што Scala се позиционира точно во компакт класата, во споредба со Rapid кој беше меѓу две класи, така во иднина и новата генерација на Skoda ќе биде точно позиционирана како модел во средната класа.“

Во меѓувреме пристига и веста дека Skoda Scala на тестот на Euro NCAP постигнала 97 од 100 бодови во заштитата на возрасните патници

Scala е прв модел на Skoda кој ја користи платформата MQB A0, во основа модифицирана изведба на MQB A2 од Skoda Kodiaq и MQB A1 од Skoda Karoq. Познати се главните својства: Тежина смалена за стотина килограми со примена на ултрацврст челик (Scala тежи 1.240 kg), рационално искористување на просторот и можност за изведување поголема кабина и багажник, како и поддршка за напредни системи за асистенција и поврзување со преносни уреди, вклучувајќи и примена на мобилни услуги.

Одбележан е почетокот на Skoda Scala на македонскиот пазар, меѓутоа приказната на овој модел не завршува со пазарниот старт.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Еден коментар

Одговори
  1. Па ова е само некој денар поефтино од Голф со истиот мотор. Треба да почнува со 10900, реално.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes-Benz Citaro NGT

Мадрид нарача 672 автобуси со погон на метан Mercedes Citaro NGT

Mercedes-AMG A 45, CLA 45

Така возат ѕвездите во компакт класата: Mercedes-AMG A 45 со 421 КС