за

Нов турбо-бензинец со 150 КС за Skoda Scala и Kamiq

Skoda Scala
Skoda Scala

Skoda ја проширува понудата од мотори за Scala и за кросоверот Kamiq со турбо-бензинец од 1,5 литар со 150 КС. При пониско оптоварување се исклучува дел од цилиндрите, заради штедење. Покрај мануелниот шестстепен менувач, може да се добие и 7-степен менувач со двојна спојка.

Понудата од мотори за Skoda Scala и Kamiq сега опфаќа вкупно три бензинци и еден дизел, во дијапазон меѓу 95 и 150 КС. Сите мотори TSI се опремени со филтер за честички за бензински мотори со директно впрскување.

Моторот 1.5 TSI веќе е достапен во моделите Scala и Kamiq на германскиот пазар, во комбинација со нивоата на опрема Ambition и Style. Редовната цена на Scala со новиот мотор и ниво на опрема Ambition, на германскиот пазар изнесува 23.750 евра, додека Kamiq 1.5 TSI ACT Ambition таму чини 24.300 евра.

Најсилен бензинец во понудата досега беше 1.0 TSI со 115 КС. На нашиот пазар, Skoda Scala со овој мотор почнува од 15.180 евра во нивото Ambition. Нашиот тест на моделот можете да го прочитате на следниот линк.

Тест: Skoda Scala 1.0 TSI 115 Ambition

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Magna доби рекорден налог за испорака на менувачи за BMW

Magna доби рекорден налог за испорака на менувачи за BMW

fiat 500

Fiat Chrysler во преговори со PSA Peugeot Citroen