за

Skoda Scala во изведба дотерана за Монте Карло

Skoda Scala Monte Carlo
Skoda Scala Monte Carlo

Монте Карло во светот на Skoda не се поврзува со комар и слобода од данок на луксуз, туку со рели. Чесите сега и во новата Scala го понудија нивото на опрема што се води под Monte Carlo. Посебната изведба се препознава однадвор, но има и многу згодни детали внатре.

Skoda Scala го добива нивото на опрема Monte Carlo, со коешто марката се повикува на историските успеси на своите автомобили на рели-класикот. Новиот чешки компакт, во ова ниво на опрема се препознава по црните надворешни детали и по името испишано со црни букви на задниот капак. Scala Monte Carlo ќе има премиера на салонот во Франкфурт месецов, а испораките ќе стартуваат пред крајот на годинава. Сите мотори може да се комбинираат со ова ниво на опрема.

Автомобили на Skoda имаат постигнато големи победи на релито Монте Карло. Во 1936 година, Skoda Popular Sport го освојува второто место во класа, Skoda 130 RS постигнува двојна победа во својата класа во 1977 година, а добро минуваат и рели-изведбите од Skoda Fabia во поново време.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Најпрепознатлив детал е рамката на маската, којашто е лакирана во црна сјајна боја. Светлата користат диодна техника за сите функции, алу-бандажите од 17 инчи со посебен дизајн доаѓаат стандардно. Црни се и капите на ретровизорите, задниот спојлер, како и праговите.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Страничните стакла и панорамскиот покрив се затемнети, а задното стакло е продолжено надолу, што е мошне оригинален детал кај новата Scala. Надворешната појава ја комплетираат црн дифузор назад и целосно диодни задни светла.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Внатрешноста пречекува со спортски седишта со интегриран потпирач за глава и обложени со посебен материјал, со спортски волан со перфорирана кожа и со црвени штепови. Црвени диоди ја осветлуваат кабината, вклучувајќи ги средишната конзола, просторот за нозе и вратите. Отворите за воздух имаат финиш со изглед на хром, таванот е црн.

Цената на спортската изведба Monte Carlo е за околу десетина проценти повисока во споредба со нивото Style.

Тест: Skoda Scala 1.0 TSI 115 Ambition

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Bugatti Chiron

Bugatti Chiron прв сериски модел побрз од 300 милји на час

соларен покрив фраунхофер

Соларен покрив може да произведе енергија за 10 km дневно