132
34 shares, 132 points

Модел на Skoda блиску до Golf повеќе не е толку опасен, купувачите се ориентираат кон СУВ-моделите. Затоа се појавува Skoda Scala, поубедлива од претходникот Rapid во секој поглед

Skoda Scala ќе се појави во продажните салони на чешката марка во првото полугодие од 2019. Дизајно на наследникот на Rapid Spaceback во најголем дел е идентичен со студијата Vision RS од парискиот салон. Под хаубата ќе работат мотори со моќност меѓу 90 и 150 КС, вклучувајќи мотор со погон на метан и само еден дизел. Комплетно новото комби е прв модел на Skoda што ја користи платформата A0, од модуларниот систем MQB на концернот Volkswagen.

Skkoda Scala prototip 4

Skoda Scala е долга 4,36 метри, широка е околу 1,8 метар и висока 1,47 метар. Меѓуоскиното растојание изнесува 2,65 метри. Слободниот простор за колена за патниците на задната клупа е ист како во Octavia, над главата има дури и повеќе простор, додека ширината на кабината, во подрачјето на лактите на патниците на задната клупа, помала е за само 1,5 сантиметар од бестселерот на Sкoda. Багажникот стандардно собира 467 литри, со соборување на клупата се достигаат 1.410 литри простор.

Бројна софистицирана опрема во Skoda Scala, од диодни предни светла до електрика за задниот капак

Со доплата ќе се нудат диодни предни и задни светла, електрично ракување со задниот капак според принципот Tip-to-Close. Последново е во согласност со начелата на марката, на купувачите секогаш да им се нудат повеќе и поквалитетни практични решенија. Scala ќе биде и прв модел на Skoda со динамични задни трепкачи. Куката за приколка ќе се извлекува, односно собира со помош на електромотор, преку копче во багажникот. Спортските возачи ќе можат да изберат подвозје спуштено за 15 милиметри, со два режими на работа.

Skkoda Scala prototip 3

На списокот на дополнителна опрема ќе се нуди и виртуелен кокпит, со дисплеј од 10,25 инчи, што моментно е рекорд во компакт класата. Средишниот дисплеј во кокпитот досега до 9,2 инчи во дијагонала, што исто така е рекорд во класата. Scala ќе располага со вграден e-SIM за автоматски пристап на интернет, како дел од сериската опрема – на носечките европски пазари.

Skkoda Scala prototip 2

Од системите за асистенција се најавуваат предупредување за возило одзади што престигнува или се наоѓа во мртов агол, како и помош за следење лента и излегување од паркинг, но и радарски систем кој автоматски го сопира возилото при опасност од незгода и дејствува при градски брзини. Автоматскиот повик на службите за брза помош при незгода e-Call ќе биде веќе задолжителен. Воздушните перници ќе бидат најмногу девет.

Skoda Scala

Flickr Album Gallery Powered By: WP Frank

Skoda Fabia во моделска изведба меѓу комби и СУВ

Skoda Kodiaq GT во чест на најголемиот пазар во светот

Rapid станува Skoda Scala и вози самоуверено во класата на Golf

Skoda Fabia со нови светла и без дизел мотор во понуда>


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

132
34 shares, 132 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743