146
19 shares, 146 points

Фабриката на Skoda во Квасини, една од трите фабрики на чешката марка на домашна почва, постигна рекордна продукција лани, со повеќе од 320.000 возила. Во 2019 година се случи уште еден историски момент во фабриката, со стартот на производството на Superb iV, првa Skoda со приклучен хибриден погон. Од септември, досега се произведени повеќе од 2.000 примероци од овој модел.

Во Квасини, покрај знаменосецот Superb и неговата приклучна хибридна изведба iV, се произведуваат уште Kodiaq и Karoq. Во март, од производствените ленти се симна 500.000-от примерок од Superb. Еден месец подоцна, фабриката го усвои „dProduction“, во смисла на дигитална фабрика, во којашто не се користи ниту лист хартија во производствениот процес.

Во јули стартуваше освеженото моделско годиште на знаменосецот Superb, за два месеци подоцна да следи и верзијата со приклучен хибриден погон (plugin-hybrid). Skoda вложи 12 милиони евра во производството на својот прв модел со електрифицирана погонска спрега.

skoda superb domasna premiera

Како водечка фабрика во синџирот на Skoda, во Квасини во исто време се обучуваат и кадри за останатите фабрики. Досега повеќе од 6.000 вработени во Skoda минале обука во оваа фабрика.

Тест: Skoda Scala 1.0 TSI 115 Ambition


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

146
19 shares, 146 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *