150
20 shares, 150 points

Во Европа ја имаме новата Skoda Scala, во Кина уште се произведуваат нејзините претходнички Rapid и Rapid Spaceback. Фабриката во Шангај произведе 22 милиони автомобили од концернот Volkswagen. Настанот беше одбележан со претставувањето на освеженото моделско годиште на Rapid.

Skoda изврши темелно моделско освежување на лимузината Rapid и комбито Rapid Spaceback на најголемиот единечен пазар на марката, Кина. Изгледот е подмладен, во стилот на Scala, којашто патем користи сосем различна платформа, а исто има промени и во внатрешноста. Единствен мотор во понудата е класичен 1.5 MPI, со моќност од 111 КС и вртежен момент од 145 Nm, во комбинација со петстепен мануелен менувач. Опција е автоматик со шест степени. Моторот троши просечно 5,6 литри, издувот ја исполнува строгата норма China VI b којашто стапува на сила дури во јули 2023.

Со претставувањето на освежената генерација на Skoda Rapid беше одбележан голем настан за концернот во Кина. Примерок од овој модел е 22-милионитиот автомобил што е произведен од Saic Volkswagen. Веднаш по него следеше и Rapid Spaceback.

>> Нашиот тест на Skoda Scala

Купувачите во Кина имаат можност да направат нарачка на Skoda Rapid и Rapid Spaceback онлајн. Промените во изгледот се однесуваат на маската и светлата, кои се во стилот на европската Scala. Задните светла исто така се сменети и поставени се хоризонтално. Седиштата се обложени со нови материјали. Важен новитет за кинеските возачки и возачи, кои постојано сакаат да бидат онлајн, претставува новиот инфо-забавен систем со онлајн-пристап од Banma, заеднички проект на групацијата Alibaba и Saic Volkswagen.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Лимузината Skoda Rapid е долга 4,51 метри, широка 1,61 и висока 1,47 метар, со 2,60 метри меѓуоскино растојание. За каросеријата може да се избира меѓу сина, беж, сребрена и бела боја. Багажникот располага со 466 литри, внатре има 14 практични можности за сместување предмети.

На возачите во Кина им се особено важни можностите за онлајн поврзување

Во опремата се вклучени повеќефункциски волан, камера за рикверц и системот за поврзување од Banma, вклучувајќи дисплеј од 8 инчи, со кориснички интерфејс на карти за игра, кој е особено популарен во Кина. Софтверот се обновува онлајн, поврзување со паметен телефон на Android или iOS веќе се подразбира таму. Апликациите се спефцифични: Навигација Amap, музички стриминг Kuwo и онлајн радио Tingban.

Стилското комби Rapid Spaceback е достапно во жолта, црвена и бела боја. Покривот може да се нарача во црна боја, исто како и куќиштата на ретровизорите, а во истиот стил следат и затемнети задни светла.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Должината на практичната каросериска изведба изнесува 4,31 метар, висината е 1,48 метар. Меѓуоскиното растојание е исто со лимузината, моторот 1.5 MPI исто така. Багажникот нуди 372 литри, односно 1.255 литри со соборена клупа.

Наспроти двете варијанти на внатрешност кај лимузината, тука следат четири. Најспортската варијанта користи украсни елементи со изглед на карбон и неколку детали во кабината во црвена боја.

Основната изведба на Skoda Rapid на кинескиот пазар чини 78.400 јуани, односно околу 10.000 евра.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

150
20 shares, 150 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *