Пазар

Кина останува најголем пазар за Skoda

Новите теренци на чешката марка донесоа голем раст во продажбата

Skoda во јануари испорачала 103.800 возила на светскиот пазар, што е за 10,7% повеќе отколку во првиот месец лани и историски рекорд за чешката марка. Повеќе од една третина од продажбата (38.600 возила) е постигната во Западна Европа, со раст од 13%, при што само во Германија, којашто е најголем европски пазар за марката, продадени се 12.800 возила (+14,4%).

Централна Европа има 18.700 нови возила од марката Skoda или 12,3% повеќе отколку во ланскиот јануари. Чешка, како домашен пазар, регистрирала 8.600 нови возила (+12,1%). Двоцифрен пораст има во Словачка (1.800 возила; +20,8%), Унгарија (1.100 возила; +19,2%) и Словенија (700 возила; +17,6%). Огромен напредок бележи и Хрватска, кадешто се продале 500 возила или 101,2% повеќе отколку лани.

Во Источна Европа, испораките пораснале за 15%, на 2.800 возила. Романија е најголем пазар со 800 возила (+15,1%), исто толку возила се продадени и на Балтикот (+43,8%), а солидно напредува и Бугарија, со 300 возила и плус од 27,4 проценти. Во Русија, Skoda има продадено 4.500 возила во јануари (+26%).

skoda prodazba januari grafika

Најголемиот пазар за Skoda во светот, Кина, во јануари забележал пораст од пет проценти, со вкупно 31.500 испорачани возила. Добро се развиваат и пазарите во Индија (1.300 возила; +13,8%) и во Турција (1.600 возила; +22 проценти).

Skoda Octavia на метан со попуст од 7.000 евра во Германија

Тест: Skoda Kodiaq 2.0 TDI DSG 4×4 Style

Во Словенија и Хрватска возат 1.000 електрични автомобили

Ознаки
loading...

Слични објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриен е Adblock

Ќе ни помогнете доколку ја исклучите вашиата блокада за реклами

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3729