за

Skoda во јануари испорачала над 100.000 возила

skoda octavia combi scout 4x4

Skoda Octavia останува бестселер на чешката марка, кај Karoq има удвојување на продажбата. Најголем европски пазар е Германија, со близу 14.000 возила. Во меѓувреме пристигнаа и податоци за македонскиот пазар: Skoda и во декември беше најпродавана марка кај нас

Skoda во првиот месец од годинава испорача вкупно 102.600 возила на светскиот пазар. Најголем раст по региони има Западна Европа (41.000 возило, +6,2 %), како и Русија (5.500 возила, +23,0 %). Вкупната продажба е за 1,1 процент под ланскиот јануари, што се должи на намалената продажба во Кина и Централна Европа. Најпродаван модел е Skoda Octavia, додека компактниот теренец Karoq бележи фантастично зголемување во продажбата од преку 200 проценти.

Пазарот за Skoda во Западна Европа во јануари порасна за 6,2 проценти, на 41.000 возила. Најголем европски пазар е Германија (13.800 возила; +8,1%). Одличен раст имаат Холандија (2.500 возила; +61,0 %), Шпанија (1.600 возила; +12,3 %) и Швајцарија (1.600 возила; +37,0 %). Во регионот на Централна Европа се испорачале 16.500 возила, што е намалување за 11,6 проценти. Тоа е тренд со когошто се соочуваат и останатите марки. Словенија регистрирала 700 нови возила од Skoda само во јануари.

Skoda лани беше најпродавана во Македонија во април, јуни, јули, декември…

Источна Европа, не вклучувајќи ја Русија, регистрирала 3.000 нови автомобили (+9,2%). Најголем раст имаат Србија (500 возила; +28,1 %) и Бугарија (400 возила; +76,5 %). За македонскиот пазар нема податоци во последното соопштение од фабриката, но Аутомедиа ги има податоците за декември: Skoda во последниот месец од 2018 беше најпродавана марка на македонскиот пазар, со 62 продадени возила, што сочинува повеќе од една десетина од вкупната продажба на патнички автомобили. Според податоците со коишто располагаме, Skoda беше најпродавана и во јули (66 возила), јуни (75 возила), април (47 возила) и во уште неколку месеци.

Рускиот пазар регистрирал 5.500 возила или за 23% повеќе отколку во првиот месец лани. Наспроти тоа, голем пад од 11,7 проценти е забележан во Кина, најголем единечен пазар за Skoda, со 27.800 автомобили.

Испораки на Skoda во јануари 2019

(заокружени вредности, по модели; +/- во проценти во споредба со јануари лани):

  • SKODA OCTAVIA (32.000; -10,4 %)
  • SKODA RAPID (15.800; -3,6 %)
  • SKODA FABIA (12.900; -23,4 %)
  • SKODA SUPERB (9.500; -23,8 %)
  • SKODA KAROQ (11.800; +206,5 %)
  • SKODA KODIAQ (11.400; -15,9 %)
  • SKODA KAMIQ (само во Кина: 6.100; -)
  • SKODA CITIGO (само во Европа: 3.100; +3,9 %)
New photo by Automedia MK / Google Photos

Skoda најавува електричен концепт Vision iV за Женева

Skoda Kamiq ќе биде заводничката меѓу градските кросовери

Skoda Scala стартува со продажба во Германија: Почеток од 17.350 евра

Тест: Skoda Fabia 1.0 TSI Ambition

 

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Станица за точење водород

Водород се точи како гориво на 369 станици во светот

грејна подлошка седиште автомобил

Вреди ли купување грејна подлошка за седишта?