за

Skoda продаде 1,24 милион возила, Kamiq со раст од 131%

Skoda SCALA vozenje
Skoda SCALA vozenje

Skoda шеста година во низа постигнува продажба од преку 1 милион возила. Слабеењето на кинескиот пазар се покажа и во вкупната продажба на чешката марка, но затоа има рекорди во Европа и во Русија. Бестселер и натаму е Octavia, сите СУВ-модели се во плус.

Skoda во 2019 година испорачала 1,24 милион возила на светскиот пазар. Чешката марка шеста година во низа надминува еден милион возила. Крајниот продажен биланс е 0,9 процент под преклани (1,25 мил. возила во 2018), а причина за тоа е натамошното слабеење на пазарот во Кина. Не сметајќи го најголемиот автомобилски пазар во светот, Skoda испорачала вкупно 960.700 возила или за 5,3 проценти повеќе отколку преклани.

Во Европа повторно е постигнат рекорд (+5,8% раст во продажбата), исто како и во Русија (+8,8%). Само во декември, продажбата од 114.700 возила е за 9,1 проценти повисока во споредба со истиот месец преклани. Во 2020 стартува четвртата генерација на Octavia, а се очекува и почеток на сериското производство на првиот модел на Skoda врз платформата MEB, наменета за новата генерација електрични возила на концернот.

Во минатата година имаа премиера Scala, Kamiq, Superb iV со плагин хибриден погон, и најважната, Octavia

Во Западна Европа се испорачани 520.500 возила, што е за 7,0% повеќе отколку во 2018 година (486.400 возила). Само во последниот месец, испораките постигнале пораст од 23 проценти, со 42.200 возила. Како втор најголем пазар во светски рамки, Германија регистрирала 191.200 возила од марката Skoda (+8,3%). Двоцифрен пораст е постигнат и во Франција (37.200 возила, +16,2 %), Швајцарија (22.600 возила, +27,5 %), Холандија (19.200 возила, +12,8 %) и во Данска (15.600 возила, +14,6 %).

New photo by Automedia MK / Google Photos

На домашниот пазар има испорачано 94.200 нови автомобили Skoda (+0,6 %). Традиционално е солидна и продажбата во „соседна“ Хрватска, кадешто лани пристигнале 5.900 модели од марката (+11,3%). Во Русија во минатата година биле продадени вкупно 88.600 автомобили на Skoda, што претставува раст од 8,8 проценти. Во декември дури се зголемила динамиката на продажбата, со 9.200 возила или за 12,1 проценти повеќе отколку во истиот месец преклани.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Продажба на возила од марката SKODA во 2019 година

(заокружено, по модели ; +/- во проценти во споредба со лани):

  • SKODA OCTAVIA (363.700; -6,3 %)
  • SKODA FABIA (172.800; -9,5 %)
  • SKODA KODIAQ (171.800; +15,1 %)
  • SKODA KAROQ (152.700; +32,0 %)
  • SKODA RAPID (142.100; -25,8 %)
  • SKODA SUPERB (104.800; -24,2 %)
  • SKODA KAMIQ (64.600; +131,8 %)
  • SKODA SCALA (39.100; -)
  • SKODA CITIGO (се нуди само во Европа: 31.200; -20,3 %)

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ferrari музеј

Музеите на Ferrari лани ги посетиле 600.000 фанови

Еко-струја за првото возење на Mini Electric

Само еко-струја за првото возење на Mini Electric