за

Овој прибор најчесто го избираат сопствениците на Skoda Scala и Kamiq

Овој прибор најчесто го избираат сопствениците на Skoda Scala и Kamiq
Овој прибор најчесто го избираат сопствениците на Skoda Scala и Kamiq

Патосници, калници, заштитни ленти за рабовите на вратите. Приборот што служи за заштита на возилото ужива највисока популарност меѓу ставките што Skoda ги нуди како оригинален прибор. Високо на листата на најпопуларни ставки се и сребрените и црните алуминиумски тркала со пречник до 18 инчи.

Возачките и возачите на Scala и Kamiq сакаат автомобилите да им изгледаат поспортски и често нарачуваат алуниниумски тркала. Најпродавана варијанта се тркалата Alaris од 16 инчи, кои Skoda ги нуди во сребрена и црна изведба. Мошне се популарни и Nanyq од 16 инчи, обично за зимскиот период, како и тркалата Stratos и Volant од 17 инчи.

Во понудата од тркала од 18 инчи, за Scala и Kamiq се наоѓа верзијата Blade, во сребрена, црна или графитна боја. За дополнителни бои, на располагање стојат Sirius, Vega и Vega Aero.

Skoda во својата понуда од прибор нуди и раткапни за челичните тркала. Најпопуларни кај Scala се раткапните Tecton за челични тркала од 16 инчи. Сопствениците често бараат и пластични калници за Scala или Kamiq. Тие се воедно и најпродаван прибор. Интересни за купувачите се и украсните алуниниумски плочки за рамката на предните врати, во различни бои и со натпис на името на моделот. За Scala се нуди дури и осветлена варијанта.

New item by Automedia MK / Google Photos

Со големиот багажен простор и практичноста на нивните Scala или Kamiq, сопствениците на двата модели избираат и подна облога за багажникот. Skoda во својот оригинален прибор има три варијанти на облоги: Платнена, гумена и комбинирана од платно од едната страна и гума од другата.

За заштита на товарниот раб на багажникот од гребење при товарање, може да се избере проѕирен филм што се лепи по должината на работ, или црн филм. На тоа следат уште мрежи, системи од држачи и слично. Кога багажникот ќе стане недоволен, тука се кровните шини, на кои може да се прицврсти багажник или носач за велосипеди.

Тест: Skoda Octavia 2.0 TDI DSG Style

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Жил Видал си замина од Peugeot ќе дизајнира за Renault

Жил Видал си замина од Peugeot, ќе дизајнира за Renault

Електричното Mini достигна 11.000 примероци

Електричното Mini достигна продукција од 11.000 примероци