168
21 shares, 168 points

Батерии, полначи, AC или DC, рекуперација – светот на електричните автомобили има многу посебности, секогаш има нешто ново да се открие и дознае, но пак остануваат некои основни работи што не се сосем објаснети. Техничарите од Skoda одговараат на неколку прашања што возачките и возачите ги поставуваат најчесто околу погонот на струја.

Кои се предностите на литиум-јон батеријата?

Во споредба со останатите батерии, литиум-јонската батерија поседува висока енергетска густина (акумулирана енергија на единица волумен) и овозможува автомобилот да постигне добри перформанси. Останатите предности се минималниот мемориски ефект, долгиот век на експлоатација и прифатливата продажна цена – којашто ќе продолжи да се намалува во следните години.

Како тежината на батеријата влијае врз возните својства?

Батеријата е вградена во подот на возилото, средишно меѓу оските. Тоа резултира со ниско тежиште и со одлична распределба на тежината меѓу предната и задната оска. На тој начин, батеријата овозможува одлични возни својства, со спортска управливост и добра стабилност во свијоци.

Дали батеријата се оштетува ако се полни секој ден или се полни предолго?

Не, секојдневното полнење не е проблем. Полнењето се прекинува автоматски кога батеријата ќе се наполни целосно.

Дали батеријата секогаш мора да се полни до 100 проценти?

Не, тоа е непотребно. Батеријата има минимален мемориски ефект во целиот работен век и нема влијание доколку не се наполни до крај.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Колку време може да мирува возилото без да се испразни батеријата, кога во близина нема можност за полнење на батеријата?

Тоа зависи од надворешната температура. Доколку батеријата е полна и надворешната температура е ниска, треба да минат неколку месеци за батеријата се испразни целосно.

Што се случува ако автомобилот го погоди молња?

Автомобилот се однесува како секој друг. Високонапонската батерија е одлично изолирана.

Што се случува ако со автомобилот се мине низ длабока вода?

Електричниот автомобил се однесува како обичен. Високонапонската батерија е запечатена и во неа не може да навлезе вода.

Дали батеријата се оштетува од магнетизирани предмети или мобилен телефон, и дали тоа ги смалува нејзините перформанси?

Бидејќи батеријата има заштита од електромагнетни влијанија, овие предмети не влијаат врз батериајта.

Колку долго трае батеријата?

Батеријата трае исто колку автомобилот, единствено по многу години се намалува капацитетот. Очекуваме батеријата да трае 8 години, по што капацитетот се смалува на 70% од нејзиниот капацитет кога била нова.

Дали е опасно ако се намокри кабелот за полнење, а возилото е во бара или врне?

Не. Постапката на полнење на електричните возила е сосем безбедна. Не постои опасност за луѓето.

Што се случува ако заборавам да го извлечам кабелот и појдам со возилото?

Моторот може да стартува само кога е отстранет кабелот за полнење.

Дали кабелот треба да се откачи веднаш откако батеријата ќе се наполни.

Не, полначот што е во возилото сам се исклучува кога ќе заврши полнењето.

Дали можам да го прекинам полнењето дури и ако батеријата уште не е наполнета целосно? Дали тоа е штетно за батеријата?

Да, полнењето може да се прекине, а батеријата не се оштетува. Полнењето се прекинува кога возилото се отклучува. Постои можност полнењето да се прекине преку апликацијата We connect.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

168
21 shares, 168 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *