98
19 shares, 98 points

Папата Франциско сака Skoda. Чешкиот производител испорача четири специјално подготвени примероци од Rapid Spaceback за дводневната посета на Папата Франциско на Ирска. Како автомобилски партнер на деветтото издание на таканаречената светска средба на фамилиите, Skoda испорача возила и за кардиналите и бискупите, како и за важните гости на овој настан за католичките верници.

Четирите примероци од Skoda Rapid Spaceback се посебно подготвени според налогот од Ватикан. Возилата се лакирани во морско сина боја и поседуваат специјално дизајниран потпирач за рака за Понтифексот. Затемнетите задни стакла се заменети со обично стакло, за посетителите подобро да го видат Папата. На предното крило од левата страна е поставен хромиран држач за знамето на Ватикан.

Папа Франциско Skoda 1

На три возила беа поставени специјални регистерски ознаки. Едното имаше ознака 182-C-1979, како потсетување за последната посета на папата Јован Павле Втори на Ирска, во 1979 година. Ознаката 182-C-2018 на второто возило се однесува на актуелната година, додека на третиот Rapid беа поставени ознаки 182-D-9093. Бројката „9093“ го симболизира зборот „Pope“. За последново возило се одржа наддавање за хуманитарни цели.

Папа Франциско Skoda 2

На завршетокот на светскиот ден на фамилиите, папата Франциско присуствуваше на саем во Даблин со половина милион посетители, по што следеше превоз со Skoda до аеродромот, за враќање во Рим.

Највпечатлив во возниот парк беше Skoda Karoq, со насликани прозорци во стил на витраж. Сите стакла беа заменети со рачно насликани стакла, какви што се среќаваат во црквите. Овој вид на стаклена уметност е природно надоврзување со традицијата на боемските мајстори за кристал, чијшто елементи се среќаваат во дизајнот на актуелните модели на Skoda.

Ламборгинито на папата Франческо се продаде за 715.000 евра

Post Pagination


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

98
19 shares, 98 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743