Фабриките на Skoda од почетокот на годинава повеќе не создаваат отпад. Чешкиот производител со долга традиција вложува и во неутралност на производството во поглед на емисијата на СО2.
Фабриките на Skoda сé помалку ја оптоваруваат животната средина, со цел да се постигне нулта емисија во секаков поглед. Тоа важи во целиот синџир, од набавката на суровини, до рециклирањето на возилата. Од почетокот на годинава, секаков отпад од производството, се рециклира или се согорува како енергенс.
Skoda го применува овој пристап дури и во случај кога обичното отстранување на отпадот е поевтино. Голем дел од квалитетната пластика што ја вградува производителот од Млада Болеслав се добива од рециклиран отпад. Во случај на согорување на отпадот заради производство на струја или за затоплување, се гарантира дека тоа нема да ѝ наштети на животната средина.
Во новата лакирница во Млада Болеслав, примената на разредувач е намалена за 210 грами по возило и на проѕирен лак за 17 проценти, во споредба со обичните процеси. Покрај тоа, новиот систем за прочистување на воздухот ја намалува количината на неискористена боја за повеќе од два литри по каросерија. Депонии за отпад не постојат уште од 2016 година, затоа што тој се согорува.
Стратегијата предвидува во втората половина од деценијава да се постигне комплетна неутралност во поглед на СО2, на енергијата што се користи во фабриките на Skoda.