за

Skoda Octavia Scout првпат во изведба со преден погон

Skoda Octavia Scout првпат во изведба со преден погон
Skoda Octavia Scout првпат во изведба со преден погон

Растојание од подлогата зголемено за 15 милиметри и заштита на каросеријата и подвозјето од гребаници при теренски излети се главните одлики на изведбата Skoda Octavia Scout, којашто чешкиот производител ја нуди и во новата генерација на моделот.

Новата генерација на Skoda Octavia го следи примерот од претходниците и ќе биде достапна и во изведбата Scout. Покрај тоа што растојанието од подлогата е зголемено за 15 милиметри, оваа моделска изведба поседува и заштита на каросеријата и подвозјето од можните оштетувања при возењето надвор од асфалт.

Skoda го искористи поводот да го претстави и новиот дволитарски дизел со моќност од 200 КС и вртежен момент од 400 њутнметри како новитет во гамата. Тоа е повеќе од доволно за комбито да биде способно да влече приколка тешка до 2.000 килограми. Станува збор за најсилниот дизел што досега е вграден во модел на Skoda.

Со изведбата со преден погон се проширува достапноста на моделот до кругот купувачи што ценат дека зголемениот клиренс им е доволен за излети по терен – или едноставно им се допаѓа стилот на теренец

Уште еден важен новитет во понудата е тоа што Scout сега може да се добие и во верзија со погон само на предните тркала. На тој начин, моделот станува подостапен за купувачите што ценат дека зголемениот клиренс и основната теренска заштита им се доволни за секојдневието. Топ-моторите сепак ќе бидат достапни само во верзија со погон на сите тркала.

https://photos.app.goo.gl/FwTcs3yYGTCgwJhj8

Вообичаено е збогатено и нивото на опременост, па Octavia Scout располага со диодни матрични светла. Препознатливите белези на Scout се посебниот дизајн на браниците, заштитната плоча на подот со изглед на алуминиум, заедно со арки на крилата и облога на праговите и на долниот раб на вратите со пластични додатоци во црна боја.

Арматурната табла е изведена во повеќе нивоа, заедно со средишен дисплеј што е издвоен и има пречник од 10 инчи. На средишната конзола се поставени украсни детали со хромиран финиш, а има разлика во споредба со стандардните модели и во облогата на вратите и во рачките. Во посебен стил за Scout се изведени украсни лајсни на арматурната табла, седиштата се обложени со „термофлукс“, има и неколку натписи Scout во кабината. Опшивката на седиштата, воланот, потпирачите за рака и арматурната табла е изведена во контрастна кафена боја. Педалите се обложени со алуминиумски плочки.

https://photos.app.goo.gl/K3CawmAJbMtAM67B9

Светската премиера на Skoda Octavia Scout од третата генерација е најавена за јули, тогаш ќе бидат познати и дополнителните детали околу моделот и остнаатите новитетиво понудата на марката.

Понудата од погонски изведби:

OCTAVIA SCOUT 1,5 TSI 110 kW (150 КС)

OCTAVIA SCOUT 1,5 TSI e-TEC DSG 110 kW (150 КС)

OCTAVIA SCOUT 2,0 TSI 4×4 DSG 140 kW (190 КС)

OCTAVIA SCOUT 2,0 TDI 4×4 DSG 110 kW (150 КС)

OCTAVIA SCOUT 2,0 TDI EVO 4×4 DSG 147 kW (200 КС)

>>> Клубот АДАК ѝ призна врвна штедливост на Skoda Octavia 1.5 TSI

https://www.instagram.com/p/CBQJSRGndCm/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Возачките и возачите на Porsche најзадоволни

Еротска заедница со истражување: Возачките и возачите на Porsche најзадоволни

Стилот на Mini GP достапен за John Cooper Works

Со трки во гените: Стилот на Mini GP достапен за John Cooper Works