149
20 shares, 149 points

Skoda ги објави цртежите од спортскиот модел што ја крунисува понудата на новата генерација на Octavia. Првпат модел со ознака RS користи плагин-хибриден погон. Спортските акценти добро прилегаат на новиот дизајнерски стил на марката.

Skoda го испорачува тоа што го бара сцената. Додека фановите на RS-значката со нетрпение ја чекаат премиерата на најспортската верзија на Octavia во Женева во следниот месец, од Млада Болеслав ги објавија првите цртежи што го прикажуваат изгледот на автомобилот, за тензијата да се држи максимално.

Црните детали што се препознатливи за RS го нагласуваат динамичниот дизајн на бестселерската серија на Skoda со елегантни пропорции. Првпат модел RS добива плагин-хибриден погон. Skoda Octavia RS iV поседува хибриден погон и соединува практичност на семеен автомобил со спортска нота, а во исто време и со намалена емисија, односно потрошувачка на гориво.

Секоја петта Octavia продадена во Германија, Британија и Швајцарија е Octavia RS

Новиот модел доаѓа по дваесет години од првата Octavia RS, што дава дополнителна тежина и симболика за преоѓањето на плагин-хибриден погон. Спортската верзија постигнува мошне висок удел во продажбата во моделската серија. Главните пазари може и однапред да се погодат. Германија, Велика Британија и Швајцарија, како пазари што го обожуваат култот на мотоспортот.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Новата Octavia RS iV со плагин-хибриден погон располага со системска моќност од 245 КС. Не се објавуваат повеќе детали околу погонот, претпоставка е дека станува збор за истата погонска спрега како во Golf 8 GTE, со 1,4-литарски TSI, електромотор и батерија со капацитет од 13 киловатчасови. Досегот со погон само на струја би требало да изнесува околу 60 километри, за дваесетина проценти повеќе отколку во GTE-моделите од претходната генерација.

New photo by Automedia MK / Google Photos

На цртежите се забележуваат црната маска на Skoda, во комбнација со браник во спортски стил, со големи отвори за воздуј и со впечатливи црни детали. Динамиката на основната форма се нагласува дополнително со големите бандажи, дифузорите напред и назад, како и со спојлерот на задниот капак, односно на покривот кај комби-изведбата.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

149
20 shares, 149 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *