за

Skoda Octavia RS 2.0 TDI првпат со погон на сите тркала

Skoda го нуди својот спортски модел Octavia RS за првпат со погон на сите тркала во верзијата со дволитарскиот дизел со 184 КС и седумстепен менувач со двојна спојка.

Чешката марка за првпат го понуди спортскиот модел Octavia RS и со погон на сите тркала, во верзијата со 2.0 TDI со 184 КС. Погонот на задната оска се активира по потреба, кога системот ќе регистрира пролизгување. Верзијата на RS со погон на сите тркала располага со истите системи како стандардниот модел, односно поседува спортско подвозје, електронски блокада на диференцијал XDS+, прогресивно управување и полн арсенал од системи за асистенција.

Skoda Octavia RS 2.0 TDI DSG 4×4 забрзува до сто за 7,6 секунди и постигнува крајна брзина од 228 km/h. Просечната потрошувачка изнесува 4,9 литри дизел на сто километри.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW го задржува лидерството, Mercedes го намалува заостатокот

Паниката почнува: Германија откри отстапување на емисијата кај повеќе марки