166
21 shares, 166 points

На големите дисплеи во автомобилите досега многумина не реагираа најодушевено. Новата Skoda Octavia ќе го смени и тоа, прво благодарение на политиката на достапни цени на дополнителната опрема на Skoda, а второ поради фактот што голем дисплеј, заедно со цела низа функции на инфо-забавните системи, претстасвува моментно најдостапна опција за „апгрејд“ на кокпитот.

Skoda Octavia во новата генерација умее во стил да ги пречека и поздрави своите возачки и возачи. По влегувањето, на средишниот дисплеј од 10 инчи се испишува нивното име. Во исто време, телефонот се поврзува автоматски и безчижно со инфо-забавниот систем. Возачкото седиште се мести електрично во избраната положба, а се местат и ретровизорите. Автоматската клима веќе знае која температура треба да ја одржува кабината. Радио станицата се мести со обично замавнување со дланка.

Возачот и соопштува на дигиталната асистентка за возење Лаура каде сака да оди, по што навигацијата ја пресметува најдобрата рута користејќи најнови онлајн-информации. Ова сценарио беше невозможно до пред само неколку години, но сега е реалност со третата генерација на инфо-забавните системи во Octavia. Нивното користење е едноставно исто колку што е користењето паметен телефон.

Новата Octavia е дигитална и вмрежена повеќе од кога било досега, исто и ракувањето е најлесно. Чертвртата генерација на нашиот бестселер има комплетно нов инфо-забавен систем што Skoda првпат го користи во овој обем. Во споредба со претодната генерација, технологијата и ракувањето со системот, како и изобилството од функции, носат голема промена и водат кон уште побезбедно и поудобно возење.

Рајнер Кацвинкел, директор за развој на електрика и електроника во Skoda Auto

Срцето на системите Columbus и Swing (Bolero ќе почне да се вградува подоцна годинава) е издвоениот средишен дисплеј со пречник од 10 инчи, односно 8,5 инчи. Стаклената површина и едноставниот дизајн се слични со паметните телефони и таблети. Исто како овие уреди, Octavia дозволува возачот да ги приспособи, групира и да ги придружи најважните функции во почетното мени. Одделни функции може да се отсттранат или да се прередат со најобично влечење по дисплејот, исто како на телефон. Обично повлекување по екранот е доволно да се смени станицата или да се премине на друг прозорец.

За местење на силината на звукот, може да се користат контролите на воланот или новиот лизгач. Тој е поставен под средишниот дисплеј, на место што е лесно за наоѓање во темно и без потреба од гледање. Со еден прст се мести силината, со два прсти се менува големината на мапата во навигацијата. Инфо-забавниот систем Columbus сега првпат може мапата во средишниот дисплеј да ја прикаже во различна резолуција од таа што се појавува во дигиталните инструменти. Дополнително може да се менува и големината на средишниот дисплеј со равлекување со два прсти.

Дигитални инструменти и двозонска автоматска клима се стандард во Skoda Octavia уште во основното ниво на опрема Ambition за нашиот пазар

Уште една новина во Skoda Octavia е проекцискиот дисплеј, што првпат се нуди во марката. Тој ги прикажува брзината, насоките од навигацијата, знаците и вклучените системи за асистенција директно во видното поле на возачот, овозможувајќи погледот да се задржи на патот.

За поврзување со паметен телефон се користи безжичната технологија SmartLink. По првичното впарување, телефонот се поврзува автоматски при секое влегување во возилото. Опцијата Phone Box нуди безжичен полнач и го поврзува телефонот со антената на возилото. Одредени апликации од телефонот може да се користат преку средишниот дисплеј, преку Android Auto, Apple CarPlay и MirrorLink.

Octavia ги меморира сите местења на инфо-забавниот систем и на климатизацијата, како и на возачкиото седиште и на ретровизорите во податочен облак, во исто време кога во возилото ќе се активира сметката на возачката или возачот во Skoda Connect. Местењата за 14 разни корисници може да се меморираат или да се пренесат во друг модел на Skoda што е опремен со последната генерација на инфо-забавниот систем на концернот.

Избор од ставки од дополнителната опрема за Skoda Octavia:

Основното ниво на опрема кај нас е Ambition, во коешто од инфо-забавните системи како стандард следува радио Swing со дисплеј од 8,5 инчи, блутут, 2x USB-c, SmartLink, дигитален радио прием. Од останатите ставки што се однесуваат на инфо-забавните системи и општо за ракувањето со кокпитот, стандардно се вградуваат и дигитални инструменти, двозонски автоматски клима уред и мултифункциски кожен волан.

Во следното ниво на опрема Style се вградуваат 3D-навигација Columbus со дисплеј од 10 инчи, гласовни контроли и WLAN, Smart Link Plus (целиот пакет како опција за 1.332 евра кај Ambition), како и пристап без клуч, комфорна телефонија (безжично полнење, 247 евра доплата кај Ambition) и други ставки.

  • Проекциски дисплеј (head-up display) за 560 евра, за Style
  • USB C пакет (х2 напред и назад, х1 покрај внатрешен ретровизор) за 132 евра
  • 230V приклучок + USB C пакет за 216 евра
  • Озвучување Canton 600W за 557 евра
  • Електрика на возачко седиште со меморија за 403 евра, плус доплата за греење за 203 евра
  • Климатроник, тризонски за 227 евра (стандард кај Stule)

Нов начин на ракување со кокпитот на Skoda Octavia

На големите дисплеи во автомобилите досега многумина не реагираа најодушевено. Новата Skoda Octavia ќе го смени и тоа, прво благодарение на политиката на достапни цени на дополнителната опрема на Skoda, а второ поради фактот што голем дисплеј, заедно со цела низа функции на инфо-забавните системи, моментно е најдостапната опција за „апгрејд“ на кокпитот.

Posted by Automedia.mk on Tuesday, June 30, 2020

>>> Од Монте Карло до Нов Зеланд: Најважните места во историјата на Skoda

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

166
21 shares, 166 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *